Промени тема
Контакт

Пожарот над Тетово ставен под контрола, во гаснењето интервенирал и хеликоптер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryjsed16rgpq2b6KkhoX5

Пожар што претпладнево избувнал над православните гробишта во Тетово претставувал сериозна опасност по околните куќи и населението, но бил ставен под целосна контрола благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и полицискиот хеликоптер.

Пожарот избувнал околу 11 часот меѓу неколку куќи, по што огнот се проширил кон блиската шума во насока на тетовското кале. Во гаснењето интервенирале тетовските пожарникари, а полицискиот хеликоптер во девет наврати фрлал вода врз огнените јазици.

— реклама —

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов оцени дека била избегната поголема опасност поради близината на голем број куќи и населението.

„Избегната е голема катастрофа. Овој пожар имал потенцијал да направи голема беља затоа што наоколу има многу куќи, а и многу населени, од она што можам да го видам“, изјави Ангелов.

Според изјава на жител од околните куќи, пожарот избувнал за време на детска игра, кога наеднаш се појавила искра, по што огнот брзо се проширил и зафатил сунѓери во близина.

— реклама —

Засега нема информации за повредени лица или зафатени куќи, а пожарот е ставен под целосна контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5sl7bloamg1l2FzllJq

Ангелов: Грачани и Никиштане не се загрозени, пожарот очекуваме да биде ставен под контрола

Македонија | пред 15 часа

media-library5sl7bloamg1l2FzllJq

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Грачани има огнена линија подолга од пет километри

Македонија | пред 2 дена

media-libraryktu7accvaar1fqsgJQX

Ангелов: Жестината на пожарите не се намалува, има индиции дека кај Китка намерно се распалува пожарот

Македонија | пред 1 седмица

media-librarytqljfn56fmm98qUTchA

Една искра може да предизвика катастрофа: Ангелов апелира да се исчисти околината на куќите и викендичките

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања