„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Познатата историчарка Ен Еплбаум за „Атлантик“: Ова е визијата за светот на Трамп, Си и Путин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Свет
media-libraryr5o64aqavur7ba4AlpN
AI Ilustracija

Светот од дистопискиот роман „1984“ на Џорџ Орвел е поделен на три сфери на влијание – Океанија, Евроазија и Источна Азија – кои постојано водат војна. Понекогаш две држави склучуваат сојуз против третата, а понекогаш одеднаш ги менуваат страните без никакво објаснување. Наместо тоа, Партијата му порачува на народот: „Отсекогаш сме биле во војна со Источна Азија.“ Весниците и историјата веднаш се корегираат за тоа тврдење да изгледа вистинито, пишува историчарката Ен Еплбаум за „Атлантик“.

— реклама —

Орвеловиот свет е фикција, но некои би сакале да го претворат во реалност. Многу пред вториот мандат на претседателот Доналд Трамп, идејата за свет со три сфери на влијание – Азија под доминација на Кина, Европа под доминација на Русија и Западната хемисфера под доминација на САД – повремено се појавуваше на интернет.

Главно ја промовираа Руси кои сакаат контрола врз она што го нарекуваат „блиско соседство“, или едноставно оние што сакаат нивната земја, со слаба економија да се споменува во ист контекст со САД и Кина.

— реклама —

„Ние вам Венецуела, вие нам Украина“
Уште во 2019 година, Фиона Хил, тогашна функционерка во Советот за национална безбедност во првата администрација на Трамп, сведочеше пред Конгресот дека Русите, туркајќи ја идејата за сфери на влијание, нуделе некаква „размена“ – Венецуела, нивниот најблизок сојузник во Латинска Америка, за Украина.

Оттогаш идејата дека меѓународните односи треба да ја промовираат доминацијата на големите сили, наместо универзалните вредности, се прошири од Москва до Вашингтон. Новата Стратегија за национална безбедност на администрацијата на Трамп ја опишува амбицијата за доминација над американскиот континент, потценувајќи ги заканите од Кина и Русија, а Трамп упати и закани кон сојузници како Данска, Панама и Канада, доведувајќи го нивниот суверенитет во прашање.

Извитоперена Монроова доктрина
Воената акција за апсење на венецуелскиот диктатор Николас Мадуро на некој начин потсетува на претходните американски интервенции, како соборувањето на панамскиот лидер Мануел Нориега во 1989 година. Но новиот наратив со кој се оправдува оваа акција ја менува целата слика. На прес-конференцијата во саботата, Трамп не го употреби зборот демократија.

Не се повика на меѓународното право. Наместо тоа, претстави изопачена верзија на Монроовата доктрина од 1823 година, политика првично замислена да ги држи странските империи подалеку од Америка. „Според нашата нова Стратегија за национална безбедност“, рече читајќи подготвена изјава, „американската доминација во Западната хемисфера никогаш повеќе нема да биде доведена во прашање.“

Во таа насока најави дека САД ќе ја „водат“ Венецуела, иако не објасни кој точно ќе биде на чело. Поткрал Марко Рубио? Генерален гувернер Пит Хегсет? На прашањето за Марија Корина Мачадо, лидер на венецуелската опозиција, Трамп одговори потценувачки: „Таа е многу мила жена, но нема почит во земјата.“

Мачадо, која минатата година ја доби Нобеловата награда за мир, го предводи движењето чиј претседателски кандидат, Едмундо Гонзалес Урутија, освои две третини од гласовите на изборите во 2024 година.

И покрај поддршката на државните медиуми за Мадуро и заплашувањето, апсењата и убиствата на нивните поддржувачи, Мачадо и Гонзалес не само што победија, туку и прибраа документација од избирачките места што го докажува тоа. Мадуро никогаш не приложи такви докази, но сепак се прогласи за победник.

Силата како единствен аргумент
Во моментов Трамп не се занимава со тоа кој е легитимниот лидер на Венецуела. Неговата администрација наместо тоа сигнализира дека би можела да соработува со потпретседателката Делси Родригес, која веројатно би го задржала режимот непроменет – односно не промена на режим, туку само замена на диктаторот. Трамп, притоа, не се труди да им даде легитимитет ни на сопствените потези.

Пред киднапирањето на Мадуро, тој не се консултирал со Конгресот, сојузниците или соседите на Венецуела. Иако акцијата се опишува како апсење оправдано со обвинение за трговија со дрога, тоа не е дел од доследна политика. Трамп, всушност, штотуку го помилува поранешниот претседател на Хондурас, кој пред шест години беше легитимно обвинет за трговија со дрога.

Нема логика – но тоа не е ни целта
Ништо од ова нема посебна логика, но тоа и не е поентата. Како Партијата во „1984“, така и потенцијалните доминатори на Западната хемисфера не чувствуваат потреба од доследност.

Ако силата е право, ако САД можат да прават што сакаат во својата сфера, тогаш нема потреба од транспарентност, демократија или легитимитет. Грижите на луѓето од помалите држави стануваат небитни, бидејќи ним не им се признава право на глас. Нивните интереси не се важни за империјалните сили што ги сакаат нивните ресурси.

Реакциите од Русија и Кина на чекорите на Трамп беа изненадувачки благи, иако тие вложија милијарди во Венецуела. Можеби затоа што наративот со кој Трамп го оправдува киднапирањето на Мадуро одговара на нивните сопствени наративи.

„Украина припаѓа на руската сфера“ е главниот аргумент на Владимир Путин. „Тајван е дел од кинеската сфера“ ќе биде оправдувањето на Си Џинпинг ако реши да го нападне островот. Тоа не значи дека Москва реално ја контролира Европа, ниту дека Кина ја контролира Азија: вкупниот БДП на Европската унија е речиси десет пати поголем од рускиот, а ниту една земја не посакува да стане кинеска колонија.

Илузија на контрола
И покрај самоуверените изјави на Трамп, ни Американците не ја контролираат „својата“ сфера на влијание. Два дена по апсењето на Мадуро, Трамп веќе ризикува да стане жртва на сопствената пропаганда, исто како и Путин. Венецуела, како што забележува еден поранешен американски амбасадор, е „пропадната држава преплавена со нелегални вооружени групи и странски терористички организации“.

Режимот не е срушен. Армијата и паравоените формации и натаму се активни. Дали Американците ќе ја „водат“ Венецуела преку закани и повремени воени интервенции? Можеби администрацијата постигнала некаков договор со дел од режимот, но нема гаранција дека тоа ќе донесе корист каква што очекува Трамп. Нафтата не чека едноставно да биде собрана; потребни се долгорочни инвестиции, односи и договори – невозможно во нестабилна држава.

Сериозна заблуда
Но грешката на Трамп е уште подлабока. Поделбата на светот на сфери на влијание подразбира дека малите земји немаат влијание – а тоа е сериозна заблуда. Венецуелците сигурно ќе се обидат да влијаат. Многумина сакаа американска интервенција и се среќни што Мадуро замина. Но луѓето што со години се бореа за слобода и правда нема да сакаат нова диктатура поддржана од Трамп и сочинета од истите луѓе.

Еден венецуелски емигрант, кој сакаше да остане анонимен, рече дека во саботата се чувствувал како на емоционално вртелешка: прво возбуда поради заминувањето на Мадуро, потоа шок поради прес-конференцијата на Трамп, а на крај горчливо сознание дека можеби ништо не се сменило.

Се сомневам дека и Американците ќе бидат посреќни ако во Венецуела се инсталира нов авторитарен лидер. Повеќето сè уште сакаат нивната земја да се залага за нешто повеќе од гол интерес. Потрагата на Трамп по илузорна сфера на влијание веројатно нема да донесе мир или просперитет – исто како што ни инвазијата на Украина не им донесе на Русите – и тоа може да стане јасно многу побрзо отколку што очекуваме.

Ако Америка стане само регионален насилник, нашите поранешни сојузници во Европа и Азија ќе ни ги затворат вратите и пазарите, пишува историчарката. Порано или подоцна, „нашата“ Западна хемисфера ќе се организира против нас. Наместо да нè направи помоќни, потрагата по доминација ќе нè ослаби – оставајќи нè на крајот без сфера и без влијание, заклучува Еплбаум.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2h7328lt783640HaCUr

Франција разработува план за одговор ако САД тргнат кон Гренланд

Свет | пред 1 ден

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

Итен состанок во Данска за Гренланд: „Никој нема ни со прст да мрдне за да ни помогне“

Свет | пред 1 ден

media-libraryie9gigosmruh92pMbWy

И најрадикалната опција не ја исклучува Трамп - воено преземање на стратешкиот Гренланд

Свет | пред 2 дена

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Америка ја презема венецуелската нафта: Трамп најави 50 милиони барели и милијарди инвестиции во Каракас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања