Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Познати добитниците на Повелбата – патрон на градот „Свети Климент Охридски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

ОО
media-librarytvjpmn3am0072AxEBCU

НУ „Завод и Музеј“ Охрид, Јорданка Матова, „Силви Бенд“, Даниел Јовески и The Backdoor Band се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“.

Оваа одлука ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид врз основа на Конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за 2025 година.

-НУ „Завод и Музеј“ Охрид во своето речиси 70 годишно постоење се етаблира како една од најзначајните, најстручни и најпосветени културни интитуции во Охрид и државата. Музејот е наследник на најстарите музејски традиии во Европа. Со својата богата дејност, институцијата континуирано придонесува  за зачувување, истражување и промовирање на културното наследство на Охридскиот регион.

— реклама —

-Јорданка Матова е историчар на уметност од Охрид. Нејзината посветеност кон уметноста и музеологијата опстојува повеќе од три децении. Таа има богата кариера со бројни истражувања, изложби и научни публикации.

— реклама —

-„Силви Бенд“ се музичко брачно дуо на Силви и Влатко Плевнеш кои имаат значаен придонес за музичката култура во Охрид и државата. Нивната музика, нивните песни и нивниот партципативен дух ја надминуваат димензијата на естрадна забава. Во 2025 година, „Силви бенд“ го прослави својот 35-годишен јубилеј.

-Даниел Јовески е режисер, продуцент и музичар. Продуцира музички видеа и аудио-визуелни проекти, со што ја промовира македонската музичка сцена во регионот и пошироко. Јовески е добитник на бројни меѓународни награди и признанија.

— реклама —

-The Backdoor Band како музички состав со преку 1500 настапи редовно учествува на фестивали, концерти, останати културни настани во нашиот град. Тие се 15 години на музичката сцена и се редовни иницијатори и организатори на бројни хуманитарни настани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjviec318d2gs8q8fGhd

Во недела во Охрид стартува музичкиот караван за 35 години независност

Македонија | пред 10 часа

media-library4susnij26bgr3UZtPeJ

(Видео) Ечеше „Бисер балкански“ и „Лихнида“ во Охрид: Млади улични артисти собраа публика како на концерт

Магазин | пред 20 часа

media-librarycpcdcuujs6rvdaLLCZF

(Видео) Сакаат да ја избегнат утрешната гужва, заглавија вечерва: долги колони од Охрид кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Драма во Охрид: Со нож му барал пари на малолетник, нападнал и скопјанец

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања