Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Познати резултатите по првиот круг: градоначалници избрани во 44 општини, три без доволен одѕив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library98pbgi59mkafcwfu1kz

На локалните избори одржани вчера, градоначалници се избрани уште во првиот круг во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК). Најголем дел од нив се кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која освои градоначалнички места во 32 општини.

— реклама —

Според обработени 99,94 проценти од гласовите од 3.472 избирачки места, партијата ќе има градоначалници во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип.

— реклама —

Во Старо Нагоричане, кандидатот на истата партија има точно 50 проценти од гласовите, што е граничен резултат за победа во првиот круг.

— реклама —

Од останатите политички субјекти, СДСМ победи во три општиниБогданци, Крива Паланка и Кривогаштани, додека коалицијата ВЛЕН освои пет градоначалнички места – во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.

Коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, според податоците на ДИК, доби четири општиниГостивар, Липково, Пласница и Чашка.

Изборите не успеаја во три општиниЦентар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегла најмалку една третина од запишаните избирачи, што е законскиот минимум за да се смета дека изборите се валидни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања