Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Правда за Кочани, зошто нема одговорност за полицискиот врв по пожарот во ‘Пулс’?, прашува Костовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
puls-35-1

„Зошто обвинителството ги амнестираше од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени?“, прашува Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ и додава:

Дали обвинителството ги заштитува од одговорност овие луѓе по наредба на Христијан Мицкоски?

Зошто Христијан Мицкоски лично и директно ја попречува истрагата за Кочани?

— реклама —

Дали се плаши дека доколку обвинителството постапи соогласно закон, истрагата за пожарот ќе доведе до него?

Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од година дена е началник за криминалистички работи во Кочани?

Дали и Донев како и останатите полициски функционери на ДПМНЕ во Штип и Кочани е дел од параполициските партиски структури на ВМРО-ДПМНЕ кои рекетираат и аминуваат криминал во Источна Македонија?

— реклама —

Дали Томо Донев е изоставен само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и редовно ги посетувал состаноците на партијата во Кочани?

Како е можно и покрај сите информации кои ги имала полицијата, службени белешки од полициски службеници, објави на социјални мрежи дека во дискотеката нелегално се користат пиротехнички материјали, началникот за криминалистички работи кој е надлежен над сите инспектори во Кочани да не одговара за катастрофалниот пропуст на полицијата кој доведе до ситуација во која 62 лица го загубија својот живот, а 200 да бидат повредени?

Како е можно да нема одговорност кај полицијата за нелегалната употреба на пиротехнички материјали?

— реклама —

Токму Томо Донев е по херархија надреден над Отсекот за оружје, експлозиви и опасни материи во Кочани кој морал по Закон да врши надзор над употребата на пиртотехника во градот.

Како е можно и покрај сите јавно објавени фотографии од дискотеката Пулс на кои се гледа нелегално се користи пирхотеника никој да не направи надзор и контрола дали оние кои управувале со пиротехниката имаат дозвола за ракување со истата?

Дали партијата е пред правдата?

— реклама —

Дали личните интереси на Христијан Мицкоски се поважни од солзите на мајките во Кочани?

До кога обвинителството ќе молчи пред фактите и доказите кои упатуваат на кривична одговорност кај голем број актуелни полициски функционери?

СДСМ нема да запре со име и презиме да ги именува оние кои ја завија Македонија во црно. Правда за Кочани мора да има. СДСМ продолжува со серијата на прес-конференции насловени „Вистината за Кочани“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

СДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелји

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryrb1r6tmf8u1pfCKmk1S

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 час

media-libraryph29v4j7n5sl4AKy2hG

Манасиевски: Филипче соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет, за јазикот, идентитетот и историјата не смее да се преговара

Македонија | пред 14 часа

media-libraryug1ultacipvsayKcNB5

„Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања