Промени тема
Контакт

Правна битка меѓу Трамп и Би-Би-Си: Во спорот од 10 милијарди долари вмешано и неговото семејство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Би-Би-Си побара од федералниот суд во Флорида да издаде судски покани за тројца членови на семејството на Доналд Трамп, како дел од својата правна одбрана во тужбата што американскиот претседател ја поднесе против британскиот јавен сервис, барајќи отштета од 10 милијарди долари.

Правниот тим на Би-Би-Си побара Доналд Трамп Јуниор, Иванка Трамп и Џаред Кушнер да сведочат и да достават документи поврзани со настаните од 6 јануари 2021 година, кога приврзаници на Трамп упаднаа во американскиот Конгрес.

Од Би-Би-Си наведуваат дека тројцата имаат лични сознанија и веројатно поседуваат документи релевантни за повеќе точки од тужбата што Трамп ја поднесе против медиумската куќа.

Тужбата на Трамп се однесува на документарецот „Панорама“ од 2024 година, во кој биле споени два дела од неговиот говор одржан непосредно пред упадот во Конгресот. Правниот тим на Трамп тврди дека со монтажата намерно бил создаден погрешен впечаток дека тој директно повикувал на насилство.

— реклама —

Би-Би-Си претходно јавно се извини за монтажата, признавајќи дека видеото создало „погрешен впечаток дека претседателот Трамп директно повикал на насилство“. Сепак, медиумската куќа и понатаму смета дека спорниот прилог не претставува основа за тужба за клевета.

— реклама —

Од тимот на Трамп го обвинија Би-Би-Си дека преку судската постапка се обидува да го вознемирува претседателот, неговото семејство и неговите приврзаници.

Во најновото барање, Би-Би-Си посочува дека членовите на семејството на Трамп можат да бидат важни сведоци за неговите постапки на 6 јануари. Според документите на кои се повикува медиумската куќа, Иванка Трамп и Доналд Трамп Јуниор биле во Овалната соба додека претседателот го подготвувал својот говор, додека Кушнер учествувал во подготовката на изјавата со која подоцна било осудено насилството.

— реклама —

Би-Би-Си уште во мај се обидел да им ги достави судските покани на Иванка Трамп и Џаред Кушнер во нивниот дом во Флорида, но обидот бил спречен. Одделно, претставник на медиумската куќа се обидел да му достави покана на Доналд Трамп Јуниор во „Трамп тауер“ во Њујорк, но ниту тој обид не бил успешен.

Судот сега треба да одлучи дали ќе ги одобри поканите, а адвокатите на Трамп добиле рок да одговорат на барањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5d39kd920of7bKfXIYK

САД ќе развиваат воено присуство на Гренланд, Трамп тврди дека е постигнат „историски договор“

Свет | пред 4 минути

— реклама —
media-librarysvffc27oj6didpTXe7P

САД наскоро ќе отворат воена база во Полска, најави Трамп

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: „Извлекуваме милиони и милиони барели нафта од Венецуела“

Свет | пред 1 ден

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Еден повик на Трамп ги стишна стравувањата од апокалиптични сценарија за вештачката интелигенција

Технологија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања