Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Правото не е етнички договор“ – професорот Кекеновски за барањето правосуден да се полага на албански

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Коментари
jove-kekenovski

Професорот по право Јове Кекеновски оцени дека барањето правосудниот испит да се полага на друг јазик не претставува прашање на јазични права, туку политички инструментализирана тема што, според него, е спротивна на уставниот поредок и правната сигурност.

— реклама —

Тој посочува дека Уставот јасно го утврдува македонскиот како службен јазик, додека употребата на другите јазици се однесува на институционална комуникација, а не на професионални критериуми за влез во правосудниот систем.

— реклама —

Според Кекеновски, Законот за употреба на јазиците ги уредува правата на граѓаните во постапките, но не ги дефинира условите под кои некој станува судија или обвинител.

Тој нагласува дека правосудниот испит е филтер на знаење, правна логика и терминолошка прецизност, при што јазикот не е само средство за комуникација, туку основен инструмент за примена на правото.

— реклама —

„Судија или обвинител мора да го владее на највисоко ниво јазикот на кој се создава и применува правниот поредок. Тоа не е прашање на дискриминација, туку на компетентност“, наведува Кекеновски.

— реклама —

Професорот додава дека ваквата практика е стандард и во други држави, каде правосудните испити се полагаат на службениот јазик, оценувајќи дека правдата не смее да биде предмет на политички компромиси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytifdc02pruhadPzXqGy

ДУИ: За Шасивари скандалите немаат крај. Според него, единствен правен јазик е македонскиот јазик

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarychnerospkash5j7nNgr

За Мицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryclbk5k1p1n9v20lr4SZ

(Видео) Ќе има протести, ако нема правосуден на албански: Немам ништо против македонскиот, но јас живеам во моја татковина и ми следува да зборувам албански

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytatgf5tcicanb0zZOHv

Шасивари ќе бара мислење од Венецијанската комисија за измените поврзани со полагањето на правосудниот испит

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања