Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пленковиќ за Трамп и Гренланд: „Зборовите понекогаш носат повеќе штета отколку корист“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library459onrun4ubo77ocVeW

Меѓународната комуникација околу прашањето за Гренланд понекогаш создава повеќе проблеми отколку решенија и затоа треба да биде заменета со отворен и разумен дијалог, изјави денеска во Давос хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој учествува на Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град. Во Давос утре се очекува да пристигне и американскиот претседател Доналд Трамп, во период на засилени тензии меѓу двете страни на Атлантикот.

Тензиите се продлабочија откако Трамп најави воведување царини за европските земји кои застанаа на страната на Копенхаген во врска со неговите изјави за Гренланд, автономна територија на Данска. Пленковиќ нагласи дека токму во вакви ситуации е важно дијалогот да ја замени острата и пребрза меѓународна комуникација, која често произведува несакани последици.

— реклама —

Според него, прашањата поврзани со Данска директно ги засегаат и нејзините сојузници во НАТО и сите земји членки на Европската Унија, кои мораат јасно да се позиционираат, но истовремено да водат разумна и одговорна политика кон САД како клучен трансатлантски партнер.

— реклама —

Пленковиќ најави дека односите меѓу САД и Европската Унија ќе бидат единствената тема на претстојниот состанок на Европскиот совет во четврток. Тој истакна дека ставот на Хрватска е јасен – солидарност со Данска и барање разумно решение преку дијалог со Вашингтон. Воедно го поздрави доаѓањето на Трамп во Швајцарија, каде што американскиот претседател ќе ја појасни својата иницијатива за формирање таканаречен „Одбор за мир“.

Американскиот претседател најави дека во четврток во 10:30 часот ќе ја потпише повелбата за основање на овој одбор, на маргините на форумот во Давос, каде што утре ќе се обрати и пред учесниците. Пленковиќ оцени дека е прерано да се знае дали Хрватска ќе се приклучи на иницијативата, бидејќи документот допрва треба внимателно да се проучи и за него да се спроведат соодветни консултации.

— реклама —

Тој нагласи дека за потпишување на ваков документ мора да се испочитуваат утврдени процедури и дека одлуките не можат да се носат набрзина, од ден за ден, но додаде дека Хрватска секогаш е подготвена да ги поддржи сите иницијативи кои водат кон мир.

Одборот за мир првично беше замислен како тело за надзор на спроведувањето на примирјето во Газа врз основа на резолуција на Обединетите нации, но светските медиуми наведуваат дека Трамп го гледа како подолгорочна алтернатива на светската организација, која со години е предмет на негова критика.

Според досегашните информации, во Одборот за мир се поканети околу педесет држави, меѓу кои Франција, Германија и Обединетото Кралство. Покани добиле и претседателите на Русија, Турција, Белорусија и Украина, Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган, Александар Лукашенко и Володимир Зеленски, како и Хрватска и Европската комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysargecj29ihp1t5oOX7

(Видео) Трамп и Меланија им делеа слатки на децата за Ноќта на вештерките во Белата куќа

Вирално | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп му даде зелено светло на Ел Салвадор за голема воена операција на Хаити

Свет | пред 11 час

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Трамп размислува за ублажување на санкциите врз рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 11 час

media-librarydv3f6bs7r4mb9hjEhX2

Трамп разгледува нови напади врз Иран, адмиралот Купер му презентирал воени опции

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања