„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Преку годишната програма Министерството за култура доделило 900.000 денари за бришење на шкртаниците од Шарената револуција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
sarena-revolucija

„Бисера Костадиновска Стојчевска направи целосен хаос со годишната програма во културата. Преку членовите на комисиите кои се уште се непознати во јавноста, а се потпишале на скандалозната програма, Костадиновска Стојчевска доделиле десетици илјади евра на тотални анонимуси“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Па така, средства ќе добијат анонимни лица и фирми блиски до Костадиновска Стојчевска и власта, а на сметка на тоа видно намалена им е финансиската поддршка на реномирани манифестации кои имаат децениска традиција.

Пари од министерството ќе добие здружението за култура, уметност, спорт и рекреација АРТАЛ од Тетово за Меѓународен фестивал „Меридианс“, (6- та едиција) односно од 300.000 денари во 2023 година, годинава за реализација на 7-та едиција му се одобрени финансиски средства пет пати повеќе, односно 1.400.000 денари, за разлика од манифестацијата Рацинови средби која што е втора најголема книжевно поетска манифестација која што има традиција 60 години од 600.000 денари од 2017та година па наваму е падната на мизерни 86.000 денари поддршка од министерството.

— реклама —

Дополнително скандалозно е што додека министерството за култура дава смешни 500.000 денари за театарска претстава во најголемата македонска национална установа, истовремено доделува 900.000 денари за шкртаниците од времето на Шарената револуција. Министерството за култура бришењето на шкртаниците од Шарената револуција, го оценуваат како проект и дава 900.000 денари на човек фирма.

Ова покажува дека критериумите за распределба на проекти и средства наместо стручни, се чисто политички.

Јавно ја прашуваме Костадиновска Стојчевска зошто одредени манифестации и лица се фаворизирани, на сметка на другите кои се очигледно оштетени?

Не постои сектор кој владата на СДС и ДУИ не го уништи.

Со СДС и ДУИ во македонската култура никогаш не било полошо.

Важно е владата на СДС и ДУИ да замине час поскоро.

Македонија мора да се менува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 2 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања