Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Претепал сопруга по расправија за тестамент, па се заканил дека ќе ја запали куќата со 10 литри бензин - маж од Гевгелија заврши во притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе обвинителен предлог против едно лице, кое се товари за кривичните дела „Телесна повреда“ и „Загрозување на сигурноста“, сторени при семејно насилство. Обвинителството побара и определување мерка притвор.

— реклама —

Според обвинението, ноќта меѓу 18 и 19 јули, по вербална расправија во семејниот дом околу тестаментот што го потпишала мајката на оштетената, обвинетиот почнал да ја навредува својата сопруга, а потоа и физички ја нападнал.

— реклама —

Тој ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото, при што ѝ нанел повеќе телесни повреди, односно крвни подливи.

Следната вечер, на 19 јули, откако оштетената го пријавила случајот во полициска станица и заминала да престојува во куќата на својата ќерка, обвинетиот испратил СМС-порака на телефонот на ќерката со заканувачка содржина.

— реклама —

Според Обвинителството, во пораката навел дека, доколку неговата сопруга не се врати дома, купил 10 литри бензин и ќе ја запали куќата. Со заканата, кај оштетената и нејзината ќерка предизвикал чувство на страв, несигурност и загрозеност.

— реклама —

Јавниот обвинител побарал притвор, имајќи предвид дека обвинетиот новите кривични дела ги сторил во период кога сѐ уште му трае рокот на проверка од една година од претходно изречена условна осуда од три месеци затвор за истото кривично дело – „Загрозување на сигурноста“. Според Обвинителството, овие околности укажуваат дека е неопходно тој да остане во притвор додека трае постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 14 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 15 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања