Промени тема
Контакт

Алекс Прети претходно бил евидентиран од службата за имиграција и му било скршено ребро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-libraryofsrh0qep44ucwp9k8X

Неколку дена пред да биде смртно застрелан во судир со федерални агенти во Минеаполис, Алекс Прети бил соборен на земја од агенти на Службата за имиграција, при што му било скршено ребро, дознава CNN повикувајќи се на повеќе извори.

— реклама —

Не е јасно како Прети првпат го привлекол вниманието на федералните власти. Изворите наведуваат дека сведочел на обид за приведување на неколку лица. Кога започнал да протестира, група агенти го соборила на земја, при што добил скршено ребро. Според извор кој побарал анонимност од страв од одмазда, Прети запрел автомобил кога забележал агенти на Службата за имиграција како пеш ги бркаат членовите на едно семејство и почнал да вика и да свирка за да ги предупреди.

— реклама —

Подоцна, Прети му раскажал на истиот извор дека пет агенти го собориле, а еден му клекнал на грбот. Иако бил пуштен, повредата била потврдена со медицинска документација која укажува на соодветен третман за скршено ребро.

Претходно овој месец, на агентите им бил испратен допис со кој се барало собирање фотографии, регистарски таблички, лични документи и општи информации за „агитатори и демонстранти“, со цел сè да се внесе во единствен образец. За таа цел бил доставен и онлајн-формулар за „прибирање разузнавачки податоци без апсење“, што овозможува внесување лични податоци на лица кои не се приведени. Не е познато дали токму овој формулар бил користен за евидентирање на Прети.

— реклама —

Министерството за внатрешна безбедност на САД повеќепати предупреди на закани кон федералните службеници и ги критикуваше демонстрантите кои ги попречуваат имиграциските операции. Неодамна беше објавен и интернет-образец за пријавување лица кои „ги вознемируваат агентите на службата за имиграција“. Помошничката секретарка Триша Меклафлин изјави дека водењето службени евиденции за лица кои го кршат законот е стандарден протокол, додавајќи дека не постои база на податоци за „домашни терористи“ што ја води министерството.

— реклама —

Сепак, дел од функционерите на администрацијата на Доналд Трамп јавно заговараа создавање база на податоци за демонстранти. Директорот на ФБИ, Каш Пател, соопшти дека агенцијата истражува групни разговори на апликацијата „Сигнал“ што ги користат набљудувачи за споделување информации за активностите на службата за имиграција, предупредувајќи дека таквите дејства не смеат незаконски да ги доведуваат службениците во опасност. Министерството за внатрешна безбедност денеска најави и истрага против американска државјанка која наводно се обидела да купи огнено оружје, изјавувајќи дека сака да се „заштити од агентите на службата за имиграција“, но и да ги убива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Криста Пајк одбила последен оброк пред неуспешната егзекуција, побарала парите да им се дадат на бездомниците

Свет | пред 20 часа

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп сака САД да престанат со поместувањето на часовникот, предлогот заглави во Сенатот

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Европа се согласи веднаш да ослободи огромни количини дизел

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања