Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Претседателот на Европскиот совет во посета на Западен Балкан, Македонија меѓу клучните станици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarybf2ju23b81lo8MBNoY6

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска започнува петдневна турнеја низ земјите од Западен Балкан, во рамки на која ќе оствари средби со регионалните лидери и ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Црна Гора.

— реклама —

Според информациите од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, главни теми на разговорите ќе бидат процесот на проширување на Унијата, постепената интеграција на регионот, регионалната соработка, како и безбедносните и политичките предизвици во регионот.

Турнејата започнува во Сараево, по што Кошта ќе ја посети Тирана. Потоа ќе допатува во Скопје, каде што ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски. Следуваат посети на Приштина и Белград, а регионалната обиколка ќе заврши во Црна Гора.

— реклама —

На 5 јуни, Кошта ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, кој ќе биде посветен на темата „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

— реклама —

Во пресрет на посетата, Мицкоски изјави дека очекува со Кошта да разговара за можните решенија за деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата, нагласувајќи дека Владата нема да прифати решение кое би го нарушило достоинството на македонскиот народ и граѓаните.

„Секогаш сме имале конструктивни разговори и размена на идеи. Се надевам дека ќе продолжиме во таа насока и ќе видиме дали и како може да се надмине оваа пречка“, изјави премиерот.

— реклама —

Кошта, пак, во пресрет на турнејата порача дека моментумот за проширување на Европската Унија постои и дека сега е време за конкретни чекори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1r65iei5vuff3utTINs

(Видео) Кошта не вети нови гаранции за Македонија: Прво исполнете го договореното

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library3elknvk8ju848q5f5zf

Антонио Кошта денес во Скопје на средба со Мицкоски

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања