Промени тема
Контакт

Претседателот на Кипар: Нашата земја не учествува и нема намера да биде дел од каква било воена операција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library78o8i564fuof73HCUEl

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидес, се обрати до јавноста по нападот на британската база, најверојатно во Акротири.

— реклама —

„Во 00:03 часот, беспилотно летало тип Шахед се урна на воените објекти на британската база во Акротири, предизвикувајќи мала материјална штета. Од самиот почеток, сите надлежни служби на Републиката беа во состојба на приправност и целосна оперативна готовност. Истовремено, веднаш свикав Совет за национална безбедност за процена на ситуацијата, кој и понатаму е во постојани консултации. Во исто време, сум во постојан контакт со сите европски лидери и лидери на други држави во врска со развојот на настаните“, истакна Христодулидес.

— реклама —
— реклама —

Претседателот додаде дека Кипар се наоѓа во регион со посебна геополитичка нестабилност, со многу предизвици и проблеми, кој минува низ невидена криза.

„Сакам да бидам јасен: нашата земја никако не учествува и не има намера да биде дел од каква било воена операција. Остануваме посветени на хуманитарната улога што ја извршувавме досега, секогаш како дел од решението, а не на проблемот, и ќе продолжиме да делуваме со иста одговорност. Правиме сè што можеме, а безбедноста на земјата и на нејзините граѓани ни е примарна грижа“, рече претседателот на Кипар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysnqggkuq7e1afVssmvy

„Њујорк тајмс“: САД подготвуваат нов голем напад врз Иран, разработен план за тридневна операција

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjgophhe4evq21KnGWtW

Иран постави „црвена линија“: Признавањето на правото на збогатување ураниум е клучно

Свет | пред 3 дена

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Иран најави затворање на дел од пловните рути во Ормускиот Теснец

Свет | пред 3 дена

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања