Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Федеративна Република Бразил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Foto-3-1

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Пауло Роберто Кампос Тарисе да Фонтура, новоименуваниот амбасадор на Федеративна Република Бразил во Република Северна Македонија, со седиште во Софија.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази убедување дека постои заедничка желба, како и голем потенцијал за развивање на меѓусебните односи и посочи дека отворањето на нашата амбасада во Бразилија јасно ја покажа искрената желба за унапредување на севкупната соработка со Федеративна Република Бразил. Претседателот рече дека Северна Македонија и Бразил ги споделуваат основните вредности, како почитување на владеењето на правото и човековите права, загриженост за климатските промени, посветеност кон демократијата, слободната трговија и пазарната економија и во тој контекст искажа задоволство од соработката во меѓународните организации. Претседателот Пендаровски упати честитки за бразилското претседавање со Г-20 и посака успех во реализирањето на приоритетите што ќе се разгледуваат во тие рамки, како што се борбата против гладот, сиромаштијата и нееднаквоста, трите димензии на одржливиот развој, реформата на системот на ОН и на меѓународните финансиски институции, како и ревитализацијата на Светската трговска организација.

— реклама —

Амбасадорот Пауло Роберто Кампос Тарисе да Фонтура во своето обраќање рече дека Северна Македонија е земја со која Бразил споделува заеднички вредности, особено вербата во дипломатијата и мирното решавање на недоразбирањата и почитувањето на владеењето на правото и посочи дека нашата земја му докажа на светот дека дипломатијата е најдобрата алатка за решавање на споровите и дека дијалогот и меѓусебното разбирање можат да доведат до посакуваниот просперитет, мир и човечки развој. Бразилскиот амбасадор во говорот најави дека ќе биде посветен на стимулирање на туризмот и културните односи меѓу Бразил и Северна Македонија, а дополнително ќе се истражуваат областите за соработка, како што се земјоделството, инвестициите, нормите и регулативите. Тој искажа намера дека ќе ги продолжи напорите за промовирање на поголем дел од меѓусебното знаење и разбирање надвор од програмите за размена на додипломски и постдипломски студии кои ги нудат бразилските универзитети во сите научни области.

— реклама —

Претседателот Пендаровски на бразилскиот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната мисија и изрази очекување дека неговото досегашно дипломатско искуство значајно ќе придонесе за збогатување на пријателските односи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pendarovski

„Постои опасност партијата да оди кон исчезнување“, Пендаровски со предупредување до раководството на СДСМ

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryaj99k1kr0989awWUisg

Уставен суд реагира на изјавата на Пендаровски: Изнесува неточни информации за Законот за употреба на јазиците

Македонија | пред 2 месеци

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски му возврати на Мицкоски: Уставниот суд ги потврди одлуките за вонредната состојба

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања