Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Фатих Улусој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма нагласи дека Република Северна Македонија и Република Турција уживаат долгогодишно традиционално пријателство и изрази задоволство од одличните билатерални односи коишто се карактеризираат со меѓусебна поддршка и почитување. Тој упати благодарност за целокупната поддршка којашто Република Турција ја даваше уште од независноста на Република Северна Македонија во раните 90-ти години на минатиот век и продолжува да ја дава до ден-денешен. Претседателот Пендаровски рече дека денес, како сојузници во НАТО, двете земји се соочуваат со особено турбулентни времиња, коишто секако влијаат и на нашиот регион и притоа посочи дека соработката, довербата и координацијата во борбата против тероризмот, организираниот криминал, нелегалните миграции, сајбер-заканите и слични феномени, претставуваат приоритет за сите нас и се додадена вредност во односите. Посочувајќи дека двете земји развиваат динамични економски односи, претседателот Пендаровски изрази уверување дека постои заемна подготвеност за отворање нови перспективи, со цел натамошно интензивирање на економската соработка и за зголемување на трговската размена, како и соработката во областите на безбедноста, одбраната, земјоделството, образованието, културата, науката.

— реклама —

Амбасадорот Фатих Улусој во своето обраќање истакна дека Турција го цени партнерството што го споделува со Северна Македонија кое е засновано на меѓусебна почит, доверба и соработка и додаде дека нашата држава ја смета за важен партнер на Балканот. Тој нагласи дека заедничката култура овозможува на едно привилегирано ниво да се одржуваат односите и соработката како на билатерален, така и на мултилатерален план. Турскиот амбасадор ги посочи турската заедница, која со векови опстојува на ова поднебје и која работи за развојот и благосостојбата на Северна Македонија, како и турските државјани кои потекнуваат од овде, а се иселени во Турција, како најважните елементи во меѓусебните односи. Амбасадорот Улусој рече дека со нашето членство во НАТО, кое силно го поддржуваат, е додадена и сојузничка димензија во односите, а двете земји со блиската соработка на разни регионални теми го поттикнуваат мирот, стабилноста и просперитетот на Балканот и пошироко. Турскиот амбасадор подвлече дека Северна Македонија со својата мултикултурна и мултиетничка структура, на целиот Балкан претставува пример во смисла на заеднички соживот во мир на заедниците.

— реклама —

Претседателот Пендаровски на турскиот амбасадор му посака многу успех и добро здравје во извршувањето на неговата амбасадорска мисија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

Мицкоски се сомнева дека и Пендаровски има кривична одговорност, повика и на истрага за тврдењата на Жан Митрев

Македонија | пред 3 седмици

Foto-6

Удрија по Пендаровски: ги налути со интервју, па го обвинија дека и одмага на Македонија со порака да си троши пензија наместо да дели ум

Македонија | пред 11 месец

Нема фотографија

Пендаровски се откажа од државната пензија, се врати како професор на Американ Колеџ

Македонија | пред 1 година

F0A57483-C8F6-4D41-8A76-9B49AA2AA973_4_5005_c

Силјановска и официјално претседател на Македонија, утре назначување и влез во Вила Водно

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања