Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Прободеното дете од Ченто и натаму во критична состојба, причината за насилството се пораки со роднина на насилникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryilkre40nmen32fxFsNV
Скопје1.мк

Прва година средно е малолетникот кој прободе ученик од деветто одделение во ООУ „25 Мај“ во Ченто, дознава „Скопје1“. Според информациите, причина за нападот биле пораки кои деветтоодделенецот ги разменувал со роднина на средношколецот. Содржината на пораките засега не е позната.

— реклама —

Од Кабинетот на градоначалникот Бобан Стевковски за „Скопје1“ велат дека повреденото момче е во стабилна состојба, но и натаму критична состојба.

— реклама —

Според информациите, средношколецот, кој е поранешен ученик во истото училиште, дошол до влезот и побарал да влезе со образложение дека ќе ја земе неговата помала сестра од училиште. Набрзо потоа, во тоалетите на училиштето дошло до прободувањето.

Првиот знак дека се случува инцидент биле пискотниците кои се слушнале по нападот. Веднаш била повикана полиција, а повредениот ученик бил пренесен во болница.

— реклама —

Лекарите констатирале повреда во пределот на црниот дроб, по што детето било оперирано. Неговата состојба и понатаму внимателно се следи.

— реклама —

Средношколецот, како и неговиот татко, биле приведени во полициска станица. Од МВР претходно соопштија дека се води постапка во координација со обвинител од скопското Обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryb7gv33ohkp9labqrikK

(Видео) Пет малолетници ќе добијат кривични за „насилство“ за претепувањето на детето во Влае, за кое мајката сведочеше дека „го подавале како топка“

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library3vjisvtcq3i5eZM24jA

Малолетничките кои тепаа, раскрварија и снимаа упатени во воспитно-поправен дом - пресуда за бруталното насилство во Ѓорче Петров

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Децата жртви во судските евиденции зголемени за 118 отсто, прекршоците за 54 отсто – што открива извештајот за 2025 година

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvnug5cfs0cg1aZt7kjt

„Петмина тепаат едно дете и снимаат“: Вознемирувачко сведоштво од Тетово

Коментари | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања