Промени тема
Контакт

Продале опрема за над 14 милиони денари, а не ја пријавиле – тројца осомничени и фирма добија кривична за даночно затајување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против три физички лица – управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Според Финансиската полиција, осомничените во април 2024 година договориле и реализирале продажба на линија за производство на кабли во вредност од 14.514.000 денари, но трансакцијата не ја евидентирале во сметководствената документација на фирмата.

— реклама —

Дел од средствата, во износ од 2.701.189 денари, биле префрлени на лични банкарски сметки и сметки на блиски лица, без да бидат евидентирани. Дополнително, дел од продажбата бил реализиран преку компензација со патничко возило, вредно 1.537.500 денари, и кабли во вредност од 1.516.500 денари, кои исто така не биле евидентирани, ниту биле пронајдени кај правното лице.

Истрагата утврдила и дека управителот, во име на компанијата, не ги отпишал и не ги оданочил неплатените обврски кон домашни и странски добавувачи од 2022 година, во вкупен износ од 17.380.716 денари.

— реклама —

Со овие дејствија, според Финансиската полиција, не биле пресметани, пријавени и уплатени данок на додадена вредност во износ од 272.970 денари, данок на добивка од 3.764.991 денар и персонален данок на доход од 639.401 денар.

— реклама —

Со тоа, Буџетот на Република Македонија бил оштетен за вкупно 4.677.362 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

danok

Затаен данок од 4,5 милиони денари: Кривична пријава против сопственик на фирма од Струга

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Знаел дека на фирмата ѝ претстои стечај, па присвоил 10 возила и стока, а подигнал и 53,8 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Фиктивни книжења и милионска даночна измама со нафта, буџетот оштетен за над 7,2 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Турски државјанин и уште едно лице осомничени за даночно затајување од над 12 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања