Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Продажбата на BYD во Европа нагло порасна, компанијата најави силна експанзија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryvqf6al36ddgofPnwU2B
YouTube/Print Screen

Кинескиот производител на електрични и хибридни возила BYD планира значително да ја прошири својата продажна мрежа во Европа до крајот на 2026 година, изјави директорката за европскиот пазар Марија Грација Давино.

„До крајот на 2025 година ќе имаме 1.000 продажни пунктови во Европа, а следната година тој број ќе го удвоиме“, рече Давино во понеделникот.

Таа истакна дека BYD мора да ја засили својата присутност и да им се приближи на европските купувачи: „Во согласност со успешните конкуренти, мора да ја зајакнеме нашата позиција на пазарот“, додаде директорката, која го води работењето на компанијата во германското говорно подрачје, Источна Европа и Скандинавија.

— реклама —

Давино потсети дека BYD веќе има долгорочна стратегија за локализација во Европа и дека е присутен во 29 држави.

Фабрики во Унгарија и Турција, Шпанија кандидат за трет погон

„Ширењето на зрело пазариште како Европа е исклучително важен проект кој бара знаење, посветеност, инвестиции и ресурси“, нагласи Давино.

BYD планира европските модели да ги произведува во Унгарија, каде што веќе се гради фабрика во Сегед која треба да започне со работа до крајот на годината.

— реклама —

Компанијата има план и за фабрика во Турција, а според извори од октомври, Шпанија е водечки кандидат за локација на трет погон поради релативно ниските трошоци за производство и развиената зелена енергетска мрежа.

Во Турција, производството треба да почне во 2026 година, со капацитет од околу 500.000 возила годишно.

— реклама —

BYD размислува и за производство на батерии во Европа

Бидејќи BYD сака да произведува повеќе електрични автомобили за европскиот пазар, во план е и локално производство на батерии, изјави специјалниот советник на BYD, Алфредо Алтавила.

На прашањето дали компанијата размислува за градење уште фабрики во Европа, Алтавила посочи дека логично е батериите да се произведуваат локално: „Нема смисла да вложуваме во склопување автомобили во Европа, а батериите да ги увезуваме од Кина“, рече тој на автомобилска конференција во Милано.

Компанијата сè уште одлучува дали приоритет ќе биде трет погон за автомобили или фабрика за батерии, бидејќи фокусот моментално е на стартувањето на производството во Унгарија.

— реклама —

Продажбата во Европа повеќекратно зголемена

BYD разгледува можни инвестиции во сите европски земји и води разговори со владите, истакна Алтавила.

„Изборот на локација го определуваат многу фактори, меѓу кои трошокот за енергија е пресуден, бидејќи и фабриките за автомобили и оние за батерии трошат огромни количини енергија“, објасни тој.

Од јануари до септември BYD продал 80.807 возила во Европа – повеќе од тројно зголемување во споредба со истиот период минатата година, откако покрај електричните модели, на европскиот пазар ги вклучи и хибридите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvn8urbi87a5neXEsw4p

Кои се најбогатите европски држави? Лихтенштајн убедливо на врвот, Македонија далеку под просекот

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryjnokbt0rlqpi3wS3V3J

Европа бара работници, но квалификуван кадар нема: Во Германија едно место се пополнува за речиси осум месеци

Свет | пред 2 дена

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 2 седмици

market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања