Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Продажбата на недвижности во ЕУ расте, Хрватска меѓу ретките земји со пад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library7hfluvanadlp0wIGaWm
unsplash

Пазарот на недвижности во Европската Унија во текот на 2025 година бележи раст на продажбата во поголемиот дел од земјите-членки, додека Хрватска е меѓу ретките држави каде што бројот на реализирани трансакции е намален, покажуваат најновите податоци на Евростат.

— реклама —

Од 18 земји опфатени со анализата, продажбата на станбени недвижности е намалена само во три – Хрватска за 4,1 проценти, Бугарија за 2,5 проценти и Полска за 1,1 процент.

— реклама —

Најголем раст, пак, е регистриран во Словенија, каде што продажбата е зголемена за 29,9 проценти, следена од Литванија со 22,8 проценти и Австрија со 21,4 проценти.

Споредбено со 2024 година, трендот покажува закрепнување на европскиот пазар на недвижности. Тогаш, во однос на 2023 година, пад на продажбата бил забележан во шест земји, а раст во 12.

— реклама —

Во 2024 година најголем пад бил евидентиран во Словенија со 17,7 проценти, Хрватска со 13,9 проценти и Франција со 9,4 проценти. Од друга страна, најголемо зголемување на продажбата имале Луксембург со 47,1 процент, Унгарија со 34,8 проценти и Холандија со 17 проценти.

— реклама —

Од Евростат посочуваат дека статистиката се базира на податоци што земјите-членки доброволно ги доставуваат, а анализата ги опфаќа купопродажбите на нови и постојни станови и куќи што ги купуваат домаќинства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 2 дена

— реклама —
grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 3 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 5 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ во јануари ќе разгледува нови мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања