Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Продажбата на станови паднала за 14 отсто, закупите пораснале за 45 отсто во третиот квартал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
zgrada-stan

Пазарот на недвижности во Македонија во третиот квартал од 2026 година бележи намалена активност кај купопродажбите, додека кај закупите е забележан раст на бројот на склучени договори, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижности.

— реклама —

Во периодот јули – септември биле регистрирани 7.679 трансакции, што е намалување од 8,2 отсто во споредба со претходниот квартал. Бројот на купопродажби се намалил за 12,1 отсто, додека кај закупите е забележан раст од 2,8 отсто.

— реклама —

Вкупната финансиска вредност на пазарот достигнала 339 милиони евра, што претставува пад од 3,6 отсто. Од оваа сума, 337,8 милиони евра се однесуваат на купопродажби, чија вредност е намалена за 3,6 отсто, додека вредноста на закупите изнесува 1,1 милион евра, со пад од 10,2 отсто.

— реклама —

Најизразени промени се забележуваат кај пазарот на станови. Продажбата е намалена за 14 отсто, а вкупната финансиска вредност на продадените станови за 6 отсто. Наспроти тоа, бројот на закупени станови пораснал за 45 отсто, а вкупната месечна закупнина е зголемена за 31 отсто во однос на претходниот квартал.

— реклама —

Од Агенцијата оценуваат дека пазарот бележи различни движења во двата сегмента – намалена активност кај купопродажбите и раст на бројот на договори за закуп, но пад на вкупната вредност на закупите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7hfluvanadlp0wIGaWm

„Луксузот во Скопје често завршува на фасадата“ – реакција за новоградбите по увид во над 1.800 станови

Скопје | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryjps0138n7unnbnvJFNZ

(Фото) Огласи каде диви животни бараат стан во Скопје осамнаа низ Центар

Скопје | пред 8 месеци

nikola-gruevski-45

Становите на Груевски драстично поевтинуваат, нова аукција за луксузните апартмани на Водно

Скопје | пред 10 месеци

trajko09112022

Гувернерот Славески најави: Ќе се намалува учеството за купување прв стан

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања