Поради високите температури, сувото време и зголемениот ризик од пожари на отворен простор, забраната за движење на територијата на Националниот парк „Шар Планина“ е продолжена до 30 септември 2026 година.
Од ЈУ Национален парк „Шар Планина“ информираат дека мерката е донесена со цел да се спречи појавата и ширењето на пожари, да се заштити природата и да се обезбеди безбедноста на посетителите.
Од Националниот парк апелираат до граѓаните, посетителите и операторите да ја почитуваат забраната, како и упатствата на надлежните институции.