Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Продолжува судскиот процес за Пулс - денеска ново рочиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryfk224mgbe2vb8pugaSA

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денеска со изведување на материјални докази во судницата во Идризово.

— реклама —

На претходното рочиште сведочеше директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, кој истакна дека кај најголем дел од жртвите причината за смртта било труење со јаглероден моноксид. Според него, овој гас брзо се шири во затворен простор и претставува доминантен фактор во вакви пожари, додека водородниот цијанид, пронајден кај дел од жртвите, дополнително го засилил неговото дејство.

— реклама —

Поради недостапност на двајца сведоци, нивните искази дадени во Обвинителството беа прочитани во судницата, што предизвика реакција од одбраната, која посочи дека станува збор за клучни сведоци поврзани со поставувањето на прскалките од кои избувнал пожарот.

— реклама —

Барањето на адвокатката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко за исклучување на јавноста, поради наводни закани, беше одбиено од судот со образложение дека такви закани не се евидентирани.

— реклама —

Во меѓувреме, веќе е донесена и првата неправосилна пресуда поврзана со случајот, при што тројца полицајци добија условни казни. Од Здружението „16 март 2025“ реагираа дека ваквата одлука не претставува вистинска правда, посочувајќи дека за злоупотреба на службената должност законот предвидува и затворски казни до десет години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryirk9uj09chmu2e8ssZU

(Видео) „Вие имате право на одбрана, нашите деца немаа право на втора шанса“: Таткото на Надица Наунова по судењето за „Пулс“

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Полицајците од Пробиштип не знаеле дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката „Пулс“, тврди сведок на судењето

Македонија | пред 23 часа

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 2 дена

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања