Промени тема
Контакт

Проф. д-р Владо Бучковски на чело на Универзитетскиот сенат на УКИМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
C7FA5110-76AE-4D35-BEB6-E9A8DBE1AF80_w800_h450

Професорот од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Владо Бучковски, ќе раководи со Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, откако беше избран за претседател на ова највисоко универзитетско тело.

Изборот бил извршен на конститутивната седница на новиот состав на Универзитетскиот сенат, која се одржала на 23 јуни.

Новиот состав на Сенатот е избран за мандатен период од 1 јули 2026 до 1 јули 2029 година, додека мандатот на Бучковски како претседател ќе трае една година.

— реклама —

На конститутивната седница најнапред била формирана Верификациона комисија, која ги потврдила мандатите на членовите на Сенатот, по што била избрана и Изборна комисија за спроведување на постапката за избор на претседател.

По спроведеното гласање, членовите на Универзитетскиот сенат го избрале проф. д-р Владо Бучковски за нов претседател на ова универзитетско тело.

Со конституирањето на новиот состав официјално започнува работата на Универзитетскиот сенат, кој во наредните три години ќе ги извршува своите надлежности согласно законските и статутарните одредби на Универзитетот.

— реклама —

Универзитетскиот сенат е еден од клучните органи на УКИМ и одлучува за прашања поврзани со наставниот процес, научноистражувачката дејност, развојот и функционирањето на универзитетската заедница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Почна уписот на УКИМ: Ова се документите и обврските на кои мора да внимавате

Македонија | пред 2 часа

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Почна уписот на УКИМ: Над 8.800 слободни места за новата академска година

Коментари | пред 2 седмици

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Почнува уписот на УКИМ: Над 8.000 места за нови студенти на 23 факултети

Македонија | пред 3 седмици

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Колапс на високото образование: УКИМ го нема меѓу 2.000-те најдобри универзитети во светот

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања