Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Прогласена кризна состојба во Делчево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
nevreme-delcevo

Прогласена кризна состојба во Општина Делчево, информираа од Општината. Одлуката е донесена на денешната седница на Владата, а причината за прогласувањето кризна состојба е заради поплави и справување со поплавите и последиците од нив.

— реклама —

Во Општина Делчево како последица од невремето настанаа оштетувања на патната инфраструктура и неколку поголеми свлечишта чијашто санација бара долгорочни решенија за кои е потребна државна помош, истакнаа од Општина Делчево.

— реклама —

Претходно општинските служби доставија информации до Владата, а по прогласувањето на криза состојба, се очекува и потребната помош. Освен во Делчево кризна состојба од истите причини е прогласена и во Општина Крива Паланка.

— реклама —

„Владата, со донесената одлука за постојната кризна состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, односно на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка се вклучува во поддршката на општините во справувањето со последиците од поплавите.

Целта е, јавните државни претпријатија, пред сѐ Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија и Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта да се вклучат со помош на општините во мерките и активностите за санација на последиците од поплавите“, велат од Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynhebj2p0tpq4aMRufxa

18-годишниот Огнен од Делчево доби плакета откако пронашол 4.000 евра на улица и ги предал во полицијата

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
uciliste

Четири подрачни училишта во Делчево привремено престануваат со работа

Македонија | пред 2 месеци

goran-trajkovski-delcevo

По пријавата од МВР, градоначалникот на Делчево уверува дека постапил законски

Македонија | пред 1 година

goran-trajkovski-delcevo

Кивична пријава за градоначалникот Горан Трајковски за незаконско вработување во Општина Делчево

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања