Промени тема
Контакт

Промоција на 17 нови „страјкер“ оклопни возила во Петровец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryguk022uhcj9raVz3DvA

Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец ќе претстават 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти Владата, оклопните возила „stryker“ се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила.

— реклама —
— реклама —

„Во рамките на соработката со САД се реализираат два договора на принципот Влада-со-Влада. Станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER. До овој момент се пристигнати сите JLTV – лесни оклопни возила вкупно 96, а на овој настан се промовираат првата испорака на дел од возилата STRYKER, 17 од предвидените 42“, информира владината прес-служба.

— реклама —

На презентацијата ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, и командантите на Командата за операции и првата пешадиска бригада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryjdkiscgv0h675EWPVQh

Тошковски од Охрид: 34 години македонска Армија – столб на безбедноста и сигурноста на државата

Македонија | пред 6 дена

366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Нова опрема и НАТО-стандарди: Армијата одбележува 34 години

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryguk022uhcj9raVz3DvA

Мисајловски: Набавуваме ново оружје постојано, наскоро ќе ги покажеме новите „страјкери“

Македонија | пред 5 месеци

makedosnki-vojnik

АРМ по пронајдената дрога кај војник: Секое несовесно однесување е неприфатливо и ќе биде санкционирано

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања