Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пронајден мртов руски генерал: бил клучна фигура за хемиското оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
VOJSKA-RUSIJA

Рускиот генерал-полковник Станислав Петров, поранешен командант на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка заштита (РКБО), е пронајден мртов во неговиот стан во Москва, јавуваат странски медиуми, повикувајќи се на првични информации.

— реклама —

Според извештаите, 87-годишниот пензиониран генерал бил пронајден од своите блиски во раните утрински часови на 2 април, во стан во познатата зграда „Куќа на насипот“. Полициски извори за руските медиуми навеле дека покрај телото бил пронајден пиштол, а првичните информации укажуваат дека се работи за самоубиство.

Медицински извори наведуваат дека Петров во последниот период боледувал од тешка болест.

— реклама —

Петров бил една од значајните воени личности во областа на хемиската одбрана и последен командант на советските сили за хемиска заштита до 1992 година, по што продолжил да раководи со новоформираните руски единици за РКБО до 2001 година.

— реклама —

По пензионирањето останал активен во воено-научниот сектор, како главен уредник на стручно списание и истражувач во военонаучен центар при руското Министерство за одбрана.

Смртта на Петров доаѓа во период на засилени меѓународни тензии и обвинувања поврзани со употреба на хемиски агенси во воениот конфликт во Украина, при што дел од институциите за кои работел се под меѓународни санкции.

— реклама —

Случајот е предмет на понатамошна истрага од страна на руските надлежни органи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 37 минути

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 4 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 17 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања