Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Просечната нето-плата порасна за близу 8.000 денари за две години“, вели Стојаноски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryg8pnt9ccjmgp2P80p3M

Просечната нето-плата во Македонија за две години е зголемена за близу 8.000 денари, соопшти денеска на прес-конференцијата пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, повикувајќи се на официјалните статистички податоци.

Според Стојаноски, во март 2024 година просечната нето-плата изнесувала 40.496 денари, додека во март 2026 година достигнала 48.433 денари.

— реклама —

„Тоа значи дека за две години просечната нето-плата е зголемена за близу 8.000 денари, односно за 19,6 проценти“, изјави Стојаноски.

— реклама —

Тој посочи дека во истиот период растот на цените изнесувал 7,8 проценти, а по корекцијата со инфлацијата, реалното зголемување на просечната плата достигнува близу 11 проценти.

„Тоа значи дека платите не само што го следат растот на цените, туку растат значително побрзо и реално ја зголемуваат куповната моќ на граѓаните“, истакна Стојаноски.

— реклама —

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека раст на платите е забележан во сите клучни сектори. Како области со најголем раст во апсолутен износ ги посочи информациите и комуникациите, транспортот и складирањето, како и рударството.

— реклама —

Процентуално, според него, најголем раст е регистриран во транспортот, дејностите поврзани со недвижен имот и образованието.

Стојаноски оцени дека овие показатели се потврда дека економските политики даваат резултати и најави дека цел на Владата останува платите и натаму да растат побрзо од цените, да се отвораат подобро платени работни места и да се подобрува животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања