Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Протестите против Рама се шират низ Албанија, студентите бараат оставка од владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
media-library3k0j2iurvs8u0XZFYno

Протестите против владата на албанскиот премиер Еди Рама продолжуваат во повеќе градови низ Албанија, а во демонстрациите сè повеќе се вклучуваат средношколци и студенти кои бараат оставка од премиерот и неговата влада.

— реклама —

Во Тирана протестите се одржуваат седми ден по ред, додека собири има и во Лежа, Валона, Елбасан и Скадар, пренесува „Јуроњуз Албанија“.

— реклама —

Во Скадар студентите организираа протестен марш и повикаа на бојкот на наставата, извикувајќи пароли против владата и опозицијата. Во Елбасан демонстрациите траат четири дена, а во Лежа средношколци ја бојкотираа наставата и маршираа низ градот. Во Валона, за студентскиот протест беа распоредени полициски сили во близина на ректоратот.

— реклама —

Новите демонстрации следуваат по насилните судири во неделата во Тирана, кога на плоштадот „Скендербег“ и на булеварот „Маченици на нацијата“ дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите фрлале камења, стапови, молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата употребила солзавец за растерување на толпата.

— реклама —

Протестите започнаа со барања поврзани со состојбите во образованието, високите трошоци за студирање и ограничените можности за вработување на младите, но со текот на деновите прераснаа во пошироко антивладино движење со главно барање за оставка на Рама и неговата влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3k0j2iurvs8u0XZFYno

„Рама во затвор, Бериша во затвор“: Студентите во Тирана формираа жив ѕид за да ги спречат опозициските приврзаници да им се приклучат на протестот

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryedf8sm3k8l7t4YrhQYO

(Видео) Рама повторно ги повика студентите на дијалог, постави камена маса пред кабинетот

Настани | пред 6 дена

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

Студентите во Албанија 22 дена протестираат и бараат оставка од Рама и владата

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

(Видео) Нови судири во Тирана: Демонстрантите палат канти и фрлаат камења кон полицијата

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања