Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Прв EAES курс за лапароскопија на Балканот одржан во Клиника Жан Митрев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 часа -

Македонија
media-libraryl9um9do4unvla2NNs1v

Клиника Жан Митрев беше домаќин на првиот EAES курс за основни вештини во лапароскопска хирургија на Балканот, тридневна обука наменета за унапредување на практичните знаења и техники во областа на минимално инвазивната хирургија.

— реклама —

Обуката беше наменета пред сè за млади хирурзи и специјализанти, но и за искусни доктори кои сакаат дополнително да ги надградат своите вештини. Програмата вклучуваше практична работа со инструменти што се користат во операциона сала, како и демонстрации, насоки и интерактивни дискусии под водство на искусни експерти.

Курсот е осмислен од д-р Марек Шолтес, абдоминален хирург и професор на Универзитетот „Павол Јозеф Шафарик“ во Кошице, а беше реализиран во соработка со д-р Клаудија Ѓиноска од Клиника Жан Митрев.

— реклама —

Станува збор за обука акредитирана од Европската асоцијација за ендоскопска хирургија (EAES), една од најрелевантните организации во оваа област. Вакви практични курсеви се реткост и во Европа, а досега не биле организирани во регионот.

Според д-р Шолтес, интересот за курсот бил исклучително голем, со број на пријавени кој го надминал предвидениот капацитет. Учесниците, меѓу кои хирурзи, гинеколози и уролози, дале позитивни оценки, посочувајќи дека квалитетот на обуката ги надминал нивните очекувања.

Со организацијата на овој настан, Клиника Жан Митрев дополнително се позиционира како регионален центар за медицинска едукација, додека државата се наметнува како атрактивна дестинација за стручно усовршување во лапароскопската хирургија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd42hc4gcsq0pfRapTpX

Жан Митрев: Трансплантацијата мора да стане рутинска пракса во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Во 2015 година 5,8 милиони, во 2020 година скоро 11 милиони евра, Филипче дупло гo зголеми буџетот на „Жан Митрев“ Клиника со народни пари, вели Петрушевски

Македонија | пред 1 месец

media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Филипче и Заев сакале да му ја одземат болницата на Жан Митрев, сведоштвата на Жан Митрев мора итно да ги провери обвинителството, вели Стојаноски

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања