Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Првите резултати од изборите во Србија се очекуваат во 21:15 часот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-librarydpoqediq0562fPSMFLJ

Првите прелиминарни резултати од предвремените парламентарни избори во Србија се очекуваат околу 21:15 часот, соопшти вечерва претседателот на Републичката изборна комисија (РИК), Владимир Димитријевиќ, пренесува телевизијата Н1.

— реклама —

На прес-конференција во седиштето на РИК, Димитријевиќ изјави дека најголемиот дел од избирачките места биле затворени во 20 часот. Исклучок се местата каде што во моментот на затворањето имало граѓани кои чекале да гласаат, како и оние каде што во текот на денот гласањето било прекинато подолго од еден час.

— реклама —

Тој објасни дека пребројувањето на гласовите најпрво го вршат избирачките одбори, по што резултатите и записниците се доставуваат до локалните изборни комисии.

Оттаму, податоците се скенираат и се испраќаат до централата на РИК, каде што се внесуваат во системот и се проверуваат.

— реклама —

„Нема да се чека да бидат обработени сите избирачки места, туку резултатите ќе се објавуваат постепено, како што ќе пристигнуваат и ќе ја поминуваат проверката“, изјави Димитријевиќ.

— реклама —

Тоа значи дека првите бројки ќе бидат објавени пред да заврши целосното пребројување, а прелиминарните резултати ќе се ажурираат со пристигнувањето на новите податоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања