Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Прво обраќање на Каја Шукова откако не влезе во втор кург за Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryc2usfast950u9sU3TCc

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, се огласи по завршувањето на првиот круг од локалните избори, на кои не успеа да влезе во вториот круг.

„Им благодарам на сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се стреми кон напредок и одговорност“, напиша Шукова.

— реклама —

Таа додаде дека, иако резултатот не бил оној што го очекувале, е горда на кампањата што ја водела — „чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје“.

— реклама —

„Му благодарам на мојот тим и на сите поддржувачи за посветеноста и професионализмот. Покажавме дека може да се гради политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи,“ порача кандидатката на СДСМ.

— реклама —

Шукова нагласи дека, без разлика на изборниот резултат, ќе продолжи да работи за јавниот интерес и вредностите во кои верува, „со иста одговорност и посветеност“.

На крајот, им упати порака на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг:
„Им посакувам фер, достоинствен и демократски натпревар.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања