Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пукање во Русија: Ранет директор на компанија што развива дронови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarypsv2lss95ava9bj9fWi

Директорот на руска компанија за развој на беспилотни летала денеска е хоспитализиран откако бил ранет во вооружен напад во градот Тула, јавуваат руските медиуми. Надлежните органи случајот го третираат како обид за убиство.

Според информациите, станува збор за Андреј Черезов, кој бил нападнат во зграда во Тула, град што се наоѓа на околу 190 километри јужно од Москва.

— реклама —

Рускиот портал „Маш“ објави дека напаѓачот го чекал Черезов на скалите од зградата, на четвртиот кат. Кога директорот се појавил, напаѓачот испукал три куршуми кон него.

Неговата сопруга ја слушнала пукотницата, ја отворила вратата и го пронашла Черезов ранет, по што веднаш повикала итна медицинска помош. Тој бил пренесен во болница, додека напаѓачот успеал да избега.

— реклама —
— реклама —

Полицијата започнала интензивна потрага по сторителот, а засега нема официјални информации за здравствената состојба на повредениот.

Компанијата со која раководи Черезов е основана во 2022 година и се занимава со научно-истражувачка работа и развој на беспилотни летала и други технологии во областа на природните и техничките науки.

— реклама —

Неодамна компанијата добила договори за испорака на беспилотни воздушни системи за Државниот технички универзитет во Воронеж за истражувачки цели. Според достапните информации, вредноста на двата договори изнесува околу 29,7 милиони рубљи и предвидува испорака на 337 комплети мултироторни дронови и 17 системи за управување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 15 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 17 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања