Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Путин изненадно го смени врховниот командант на најважното бојно поле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
ukraina-pukanje

Кремљ го назначи генерал-полковникот Андреј Иванаев за командант на групата сили Восток, која ја предводи офанзивата во источниот украински регион Донбас, објавија медиумите поврзани со рускиот режим.

— реклама —

Популарниот украински воен Телеграмски канал Country Politics, кој има повеќе од 290.000 корисници, објави дека Иванаев е назначен за командант, што сугерира дека одлуката е поврзана со посетата на рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов на регионот.

Во текот на изминатата година, руските сили направија макотрпен, но постепен напредок во Донбас, кој претседателот Владимир Путин формално го анектираше во септември 2022 година, иако руските трупи само делумно ја контролираат територијата.

— реклама —

Сепак, овој напредок има огромна цена за Русија. Украинското Министерство за одбрана објави дека Москва претрпела 2.000 жртви за еден ден во ноември. Останува да се види дали именувањето на нов командант ќе доведе до промени во воената тактика.

— реклама —

Според каналот Country Politics, Белоусов „пристигна во зоната на одговорност“ на групацијата „Восток“ за да прими извештаи и да доделува државни награди, при што и официјално беше објавено назначувањето на Иванаев. Каналот тврди дека во руските медиуми се појавиле информации дека Иванаев е назначен на 26 ноември.

Рускиот државен медиум РИА Новости потврди на Телеграма дека Иванаев сега е командант на групата, известувајќи за посетата на Белоусов. „Белусов изврши увид во трупите на групата Восток, прими извештаи и додели државни награди“.

— реклама —

Во изминатиот месец, единиците на групата ослободија седум населени места и презедоа контрола на површина од повеќе од 300 квадратни километри“, му пријавил на министерот командантот Андреј Иванајев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 10 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 23 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања