Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Путин: Русија нема да оди низ светот и да бара милостина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarya1be4hmuknmef73E93U
Russian Foreign Ministry's official account

Рускиот претседател Владимир Путин порача дека Русија нема да оди низ светот и да бара „милостина“, истакнувајќи дека земјата мора да продолжи со сопствениот економски развој. Тој ова го кажа на првата седница на новиот состав на Државната дума во Москва, каде што ги повика пратениците на тесна соработка со владата.

— реклама —

„Русија, за разлика од некои други – нема да вперуваме прст – не може да се понижува, да трча низ светот и со испружена рака да бара милостина“, рече Путин, во изјава која очигледно се однесуваше на Украина.

— реклама —

Путин оцени дека рускиот финансиски систем и економијата функционираат стабилно, но ги повика надлежните да бидат внимателни во справувањето со економските предизвици.

„Рускиот финансиски систем и економијата функционираат сигурно. Најважно е да не се прават грешки и одговорно да се пристапи кон решавањето на задачите во овие исклучително важни области“, порача рускиот претседател.

— реклама —

Во исто време, Украина и натаму се потпира на надворешна финансиска поддршка за финансирање на воениот буџет и одбранбените потреби. За 2026 година Киев побара дополнителни 27 милијарди долари.

Од Меѓународниот монетарен фонд порачаа дека продолжувањето на предвидливата надворешна поддршка е клучно за одржување на макроекономската стабилност на Украина и за финансирање на нејзиниот буџет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9361j74v29b76UxTKKr

Русија ја обвини Украина за засилени напади врз нуклеарната централа Запорожје

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryi0npvirn2uac5Zfvu94

Романија открила мрежа за саботажи за која тврди дека ја координира Русија

Свет | пред 4 часа

media-libraryun9tb9jchivtaakxn0Q

Москва испрати порака до новите власти во Србија: Сакаме да ја продолжиме соработката

Свет | пред 10 часа

2212721_w-55023928-kim-dzongun_ls

Ким ги отвори вратите и за Путин и за Си, почнува борбата за влијание врз Северна Кореја

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања