Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Работна посета министерот Велковски на Југоисточниот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_3280

Во рамките на теренски посети на Центрите за социјални работи кои периодов ги остварува Министерот Ѓоко Велковски денеска и посети Центрите во Валандово и Гевгелија. Центрите за социјална работа мора да бидат сервис на оние на кој што се најпотребни. Ова го заклучивме од работната средба со вработените во ЦСР Гевгелија – потенцира Велковски.

“Центарот е првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. Евидентно е нефункционирањето на системот и слабостите кои денеска ги гледаме.”

— реклама —

Посетата на Центарот за социјална работа Валандово беше искористена да искористена да се разговара за актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош. Раководството ми потврди дека се најдени вакви случаи и во наредниот период ќе се работи на ставење на системот на здрави нозе со цел социјалната помош да стигне до вистинските корисници.

Покрај работните средби беа остварени четири средби со пензионерите од Југоисточниот регион и тоа од Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Нивните барања и проблеми се скоро идентични. Велат дека никогаш не било полошо за нив.

— реклама —

Ги знаеме нивните барања и сигурен сум дека ќе има решение за истите. Дури 220.000 пензионери се со под 20.000 денари пензија. Така да тоа е две третини од вкупниот број на пензионери во државата кои што за жал примаат под

20 илјади пензија. Алармантна е навистина состојбата и ќе излеземе во пресрет на нивните барања коишто ги доставуваат до нас – посочи Велковски на средбите.

— реклама —

Немам пари да го дочекам крајот на месецот - вели еден пензионер од Богданци.

“Пензиите коишто ги земате не се доволни. Тоа го знам, тоа верувам дека е така и тоа секој еден пензионер којшто ќе го сретнам ми го кажува дека пензиите не стигнуваат ни за 15 дена од месецот.

Вие сте ја граделе оваа држава и не смеете да бидете оставени на цедило.

— реклама —

Заслужувате да имате достоинствена старост, да имате достоинствени пензии за вас и за внучињата.

Во наредниот период мораме да работиме на системска правичност која нема да зависи од било какви политички одлуки.”

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

velkovski26012024-1

9000 семејства од социјален ризик оштетени за 120 евра годишно, велат од Министерството за труд и социјална политика

Македонија | пред 2 години

— реклама —
IMG_4001

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

Македонија | пред 2 години

IMG_3595

Велковски на средба со здружението Мобилност

Македонија | пред 2 години

velkovski26012024-1

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања