Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Работниците во Македонија со најниска минимална плата во регионот – 397 евра не се живот, туку борба за преживување, алармира ССМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryonppnroquain3wMFnTE

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави споредбена анализа која покажува дека минималната плата во земјава е најниска во регионот, и тоа со значителна разлика во однос на соседните држави.

Во соопштението на ССМ се наведува дека минималната плата во Македонија изнесува 397 евра, и според најавите на Владата, нема да се менува до март 2026 година, освен за законско усогласување кое би изнесувало најмногу 1.600 денари.

— реклама —

Во споредба, Косово од јануари 2026 ќе ја зголеми минималната плата на 425 евра, а од јули истата година на 500 евра.

Во Албанија, истата ќе изнесува 500 евра од 1 јануари 2026 година, а Владата ќе ги субвенционира дополнителните трошоци за осигурување на работниците во приватниот сектор со 90 милиони евра.

— реклама —

Во Србија, Владата веќе ја зголеми минималната плата на 500 евра од октомври 2025 година, а од јануари 2026 година таа ќе изнесува 550 евра.

Во Република Српска, минималната плата за неквалификувани работници ќе биде 512 евра, а за вработени со високо образование – 743 евра.

Во Босна и Херцеговина минималната плата за 2025 година изнесува 511 евра, а во Црна Гора од јануари 2026 година достигнува 600 евра за работници со средно образование и 800 евра за високообразовани.

— реклама —

ССМ обвинува дека Владата, работодавачите и дел од синдикатите, како што наведуваат, „се на иста страна, против работниците“, и дека токму тие ја спречуваат борбата за повисоки плати.

„Жалосно е тоа што Владата има сојузници во некои синдикати, како КСС, кои се прават репрезентативни само за да нема зголемување на платите. Денеска имаме Влада, газди и КСС кои се на иста страна, задоволни што македонските работници тонат во сиромаштија,“ стои во соопштението.

— реклама —

Синдикатот потсетува дека функционерските плати не се намалени, туку останале зголемени за 79 проценти, додека во исто време работниците преживуваат со 397 евра.

„Работниците заслужуваат достоинствена плата, а не статистичка бројка. Се бориме затоа што регионот оди напред, а само Македонија ги турка работниците назад. Се бориме затоа што 397 евра не се живот, туку борба за преживување. И ќе продолжиме – сè до зголемување на минималната плата и достоинство за секој работник“, порачуваат од ССМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

plta-333

Минималната плата во Македонија меѓу најбрзо растечките во Европа, покажуваат податоците на Евростат

Македонија | пред 6 дена

k15

Платите во Македонија пораснаа за 8,2 проценти на годишно ниво, просечната плата во март 48.433 денари

Македонија | пред 2 месеци

pari-1

Просечната бруто и нето плата зголемени за над 7% во февруари 2026

Македонија | пред 3 месеци

pari-1

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 70 066 денари

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања