Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Радев по првите резултати: Подготвени сме за стабилна влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library2b9jsevuo03q4b14Enr
ФБ

Лидерот на „Прогресивна Бугарија“, Румен Радев, по објавувањето на првичните резултати од излезните анкети изјави дека неговата формација е подготвена да работи на формирање стабилна влада и да избегне нов изборен циклус.

„Ние сме подготвени на различни варијанти, за да има Бугарија редовна и стабилна влада. Ќе направиме сè што е можно да не дозволиме повторно избори. Тоа е погубно за Бугарија, значи да преминуваме од криза во криза, а ние треба сериозно да работиме за да излеземе од нив“, изјави Радев.

— реклама —

Тој додаде дека неговата партија не очекувала да биде прва според анкетите, но дека поддршката од теренот била јасен сигнал за расположението кај граѓаните.

— реклама —

„Мојата ‘социологија’ беа полните сали и плоштади низ целата земја. Тоа беше нормално и закономерно. Очекувањата и надежите се големи, а тоа значи и голема одговорност“, рече Радев.

На прашањето за можни коалициски партнери, тој посочи дека се надева на соработка со коалицијата ПП–ДБ, особено во делот на реформите во правосудството.

— реклама —

Во меѓувреме, Антон Кутев, кој исто така ја коментираше победата на „Прогресивна Бугарија“, изјави дека целта на движењето не е само учество во власта, туку суштински промени.

„Ние не се појавивме за да бидеме на власт, туку за да ја промениме Бугарија. Сакаме да најдеме партнер со кој ќе составиме влада и ќе направиме промени во судскиот систем“, изјави Кутев.

Тој додаде дека според него, нема попогоден кандидат за премиер од самиот Румен Радев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj8u4vqf6tqa9bD4ybPN

Се огласија Американците по изборниот пораз на Вучиќ

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Во Брвеница до 15 часот гласале 31,17 отсто од избирачите

Македонија | пред 1 седмица

media-library97nl87u9jjt5fdjYyhL

Палестинците би можеле да ги одложат изборите до септември 2027 година

Свет | пред 3 седмици

glasanje

Хаос на изборите во БиХ: Електронскиот систем создава проблеми низ целата земја

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања