Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Рама го заобиколи Касами на прием во Валона, видео снимката предизвика реакции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryhm7vin21flaq4DpEaJ9

Непријатен момент за градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса, Биљал Касами, беше забележан на официјалниот прием во Валона, организиран по повод Денот на албанското знаме и 113 години од прогласувањето на независноста на Албанија.

— реклама —

На видео кое брзо се прошири на социјалните мрежи и во албанските медиуми, се гледа како премиерот Еди Рама се движи низ гостите, поздравувајќи се со дел од присутните. Меѓу нив беше и министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани.

— реклама —
— реклама —

Но, во моментот кога се очекуваше Рама да му подаде рака и на Касами, албанскиот премиер го заобиколи тетовскиот градоначалник и продолжи понатаму, оставајќи впечаток дека намерно го игнорира.

Видеото предизвика бројни реакции и толкувања на социјалните мрежи. Дел од коментарите го поврзуваат студениот однос со блиските релации меѓу Касами и косовскиот премиер Аљбин Курти, со кого Рама одамна има затегнати односи. Други сметаат дека се работи за недоразбирање и дека Рама можеби не го препознал Касами во метежот.

Настанот продолжува да ја бранува јавноста, а од двете страни засега нема официјални реакции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjnt2jh6ag8hg8MEtOZm

Рама по протестите во Тирана: Ова нема никаква врска со студентите, зад хаосот стојат туѓи агенти

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
Rama1

„Не ни треба „Голема Албанија“ за да го поддржуваме Косово“, вели Рама

Балкан | пред 2 месеци

media-library4bv9a2or3lmu2yZin4r

Европа до Рама: Европската Унија или инвестицијата на зетот на Трамп

Балкан | пред 3 месеци

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Рама: Албанците во Македонија се државотворен народ

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања