Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Рама повика на дијалог, студентите ги искршија поставените столчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Актуелно
media-libraryppavmjolpkcp3C2FpHp

Столчињата што албанскиот премиер Еди Рама утрово ги постави како повик за дијалог со студентите кои протестираат повторно беа искршени, и покрај неговиот обид да ги повика демонстрантите на разговор.

— реклама —

Рама повторно понуди средба откако претходниот ден дел од студентите ги оштетија столчињата и ја одбија поканата за разговор.

Албанскиот премиер порача дека правото на протест е неприкосновено, но нагласи дека уништувањето имот е кривично дело за кое следуваат законски и финансиски санкции.

— реклама —

Според Рама, незадоволството треба да биде поттик за дијалог, а не причина за продлабочување на тензиите и предизвикување инциденти. Тој истакна дека граѓаните имаат право да протестираат поради различни проблеми, но дека ниту едно незадоволство не го оправдува насилството.

— реклама —

Рама порача дека е подготвен за разговор и со оние кои имаат поинакви ставови од владата. Барањата за подобрување на состојбите, според него, треба да се решаваат преку институциите, со конкретни предлози и соодветно распределување на буџетските средства.

Тој упати апел до младите да се оградат од инцидентите и предупреди дека секој што ќе уништува јавен или приватен имот ќе мора да одговара за причинетата штета.

— реклама —

„Слободата на протестирање завршува таму каде што започнува слободата и безбедноста на другите граѓани“, порача Рама, повикувајќи на мирно изразување на незадоволството и решавање на проблемите преку дијалог.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3k0j2iurvs8u0XZFYno

„Рама во затвор, Бериша во затвор“: Студентите во Тирана формираа жив ѕид за да ги спречат опозициските приврзаници да им се приклучат на протестот

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryedf8sm3k8l7t4YrhQYO

(Видео) Рама повторно ги повика студентите на дијалог, постави камена маса пред кабинетот

Настани | пред 6 дена

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

Студентите во Албанија 22 дена протестираат и бараат оставка од Рама и владата

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

(Видео) Нови судири во Тирана: Демонстрантите палат канти и фрлаат камења кон полицијата

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања