Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Рама „се нафрли” на Јавниот сервис: Менаџментот на РТШ е „најмизерната служба на светот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
edi-rama-696x523

Албанскиот премиер Еди Рама жестоко го критикуваше Јавниот сервис, дури спомна и опција за негово гаснење. Тој го нарече менаџментот на Албанската радио-телевизија (РТШ) „најмизерната служба на светот“.

— реклама —

Рама посочи дека нема да се издвојуваат јавни пари се додека не се спроведат реформи во РТШ. Според него, сите опции се на маса, вклучувајќи затворање, приватизација или партнерство.

— реклама —

Тој рече дека јавниот сервис е неуспешен и оти неговото работење е полошо од помалите комерцијални телевизиски станици со помал буџет и кажа дека не ја следел програмата на РТШ од 1990 година и оти претходно им дал можност на директорите да ја подобрат својата работа, но без успех.

Здружението на новинари на Албанија реагираше на изјавите на албанскиот премиер, оценувајќи дека неговата реторика „ги стигматизира јавните медиуми“ и предлага драстични решенија што „сериозно би го загрозиле медиумскиот плурализам и уредничката независност“.

— реклама —

Здружението повика на длабинска реформа на РТШ преку дијалог со експерти и граѓанското општество, почитувајќи ги европските стандарди за слобода на медиумите.

— реклама —

Здружението нагласи дека РТШ е институција од јавен интерес, која мора да гарантира непристрасно информирање, култура, образование и еднаков пристап до граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Rama1

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама поради сомневања за незаконско одобрување туристички проекти во заштитени подрачја

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
edi-rama

Ќе ја платат секоја штета: Рама им се закани на демонстрантите во Тирана

Балкан | пред 3 седмици

edi-rama-696x523

Рама по уништувањето на Колеџот на Европа во Тирана: Одговорните ќе се соочат со последици

Балкан | пред 4 седмици

media-libraryvsles1blo021drs5cdx

(Видео) „Летаа“ јајца кон Рама во Њујорк, демонстрантите извикуваа „мафија“, тој им возврати: „хистерични кокошки“

Настани | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања