Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Расчистено навивачкото насилство пред „Јане Сандански“, кривична пријава против едно лице

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-librarylfl2b6rj05fdbyVjZQ1

Скопската полиција поднесе кривична пријава против П. А. за кривично дело „насилство“, по вчерашниот инцидент пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, во кој тешко беше повреден 16-годишник.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнала околу 50 навивачи на кошаркарскиот клуб Работнички, кои чекале да влезат на натпреварот.

— реклама —

Во нападот, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди.

— реклама —

П. А. е лишен од слобода, а по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, согласно со член 386, ставови 4 и 6 од Кривичниот законик.

Во врска со инцидентот, полициските службеници ги привеле и М. М. (18) и Д. П. (18), двајцата од Скопје.

— реклама —

Од СВР Скопје информираат дека продолжуваат со повикување и утврдување на идентитетот на другите учесници во насилството, против кои ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МВР упати апел до навивачките групи за фер и спортско однесување, нагласувајќи дека полицијата нема да толерира никакво насилство.

media-library1p5k4clm2hnl3lOkyE6

Детали за тепачката пред „Јане Сандански“: Околу 30 навивачи на „Фемили“ нападнале 50 навивачи на „Работнички“, тешко повреден 16-годишник

Осумнаесетгодишен скопјанец бил приведен поради учество во масовната тепачка што се случила пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“.Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 31 октомври, а полициските службеници го привеле М.М. (18) во 23 часот.Според пријавеното, осомничениот, како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачката, во која група

Скопје | пред 7 часа

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1p5k4clm2hnl3lOkyE6

(Видео) Хаос пред спортската сала „Јане Сандански“: „Фемили“ нападнале навивачи на Работнички, има повреден и приведен

Скопје | пред 22 часа

— реклама —
media-library0s446umhr40nffrOTEh

Полицијата двапати реагирала на концертот на Девито поради дојави за бомби во салата во Скопје

Македонија | пред 11 месец

media-library1g6ho9e41foj5rrAVbg

Лажни дојави за експлозивни направи во Спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања