Промени тема
Контакт

Речиси цела Македонија во висок ризик од пожари, не палете оган на отворено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryaiq2ad7do0kp79IflAV

Речиси целата територија на државата денеска се наоѓа во зона со висок ризик од пожари, според метеоролошкиот индекс на пожар, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Високиот ризик е означен со портокалова боја, а исклучок се Шар Планина и околината на Охрид и Ресен, каде што е регистриран среден индекс на ризик, означен со жолта боја.

— реклама —

Од ЦУК предупредуваат дека поради актуелните временски услови постои зголемена опасност од избувнување и брзо ширење на пожари на отворен простор, како и шумски пожари со висок интензитет.

— реклама —

Центарот апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување при престој и движење во природа, особено да не палат и да не оставаат оган на отворено.

— реклама —

Од ЦУК потсетуваат дека доколку се забележи пожар, тој треба веднаш да се пријави на телефонскиот број 112.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Нема активни пожари во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1s8b2678b2qg7ViUmNT

Три пожари регистрирани до 13 часот, два се изгаснати, еден под контрола

Македонија | пред 1 седмица

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Пет пожари на отворено регистрирани до 13 часот, активни се три

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања