Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Реформите носат резултати, 31,7 милиони евра од Планот за раст се обезбедени за дигитална трансформација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение соопшти дека преку спроведувањето на Реформската агенда досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, наменети за дигиталната трансформација на државата.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека средствата се резултат на реализирани реформи, донесени законски решенија и исполнети обврски, а не на политички ветувања. Според нив, дигиталната трансформација треба да овозможи побрзи и поефикасни услуги за граѓаните, намалување на бирократијата и пократки административни постапки.

— реклама —

Во соопштението се посочува дека во текот на 2025 година бил усвоен обемен пакет закони од областа на дигиталната трансформација, со кој, како што велат, се поставени основите за модерна и европски усогласена јавна администрација.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека реформскиот процес ќе продолжи и во наредниот период со цел целосно исполнување на Реформската агенда и понатамошно користење на европските средства.

— реклама —

Воедно, партијата прави споредба со претходната власт, оценувајќи дека наместо застој и блокади, сега има конкретни резултати, реформи и инвестиции кои, според нив, придонесуваат за поефикасна и поконкурентна држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања