Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Регистрирани осум пожари на отворено до 13 часот, еден сè уште активен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13 часот денеска, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а шест се целосно изгаснати.

— реклама —

Активен е пожарот во Општина Македонски Брод, во месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол. Зафатени се ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Под контрола е ставен пожарот на градската депонија во Општина Делчево.

Во текот на денот се изгаснати шест пожари. Во Општина Виница пожарот бил во селото Блатец, каде што горела ниска вегетација, додека во Штип било интервенирано во населбата Света Петка, исто така поради пожар на ниска вегетација.

— реклама —

Пожар на депонија бил регистриран во селото Горенци, Општина Центар Жупа, а во Општина Лозово горел отпад во близина на Филтерната станица за вода.

— реклама —

Интервенции имало и во кумановската населба Средорек, каде што горело ѓубре, како и во селото Милетино во Општина Брвеница, каде што бил регистриран шумски пожар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 4 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања