Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Рекордна излезност на изборите во Србија, опозицијата очекува добар резултат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Балкан
media-libraryfv0pkbe4usd57s8dGGZ

Предвремените парламентарни избори во Србија завршија во 20 часот, а според досегашните податоци, излезноста би можела да биде највисока во последните речиси 30 години.

До 18 часот гласале 64,89 отсто од запишаните избирачи, објави изборната комисија. Според аналитичарите, високата излезност оди во прилог на опозицијата.

— реклама —

Александар Вучиќ доминираше на националната политичка сцена во изминатите 14 години, но по притисокот од уличните протести беше принуден да распише предвремени парламентарни избори.

Според проценките на агенцијата Ипсос и Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД), до 19 часот гласале 67,6 отсто од вкупно 6.450.523 избирачи. Изборниот ден го одбележаа и бројни неправилности и инциденти.

— реклама —
— реклама —

Досегашните податоци укажуваат дека излезноста би можела да биде највисока по парламентарните и претседателските избори во 2000 година, кога беше соборен Слободан Милошевиќ.

— реклама —

Се очекува главната трка да се води меѓу листата на владејачката Српска напредна странка (СНС), предводена од Вучиќ, и студентската листа „Студентите победуваат“.

Вучиќ, кој е носител на листата на СНС, по гласањето изјави дека ќе ги прифати изборните резултати, каква и да биде одлуката на граѓаните. Неговото обраќање од изборниот штаб на партијата е најавено по 22 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Конечни резултати од изборите во Србија: Студентската листа со 140, СНС со 103 мандати

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatmn5bh3tk6udu1tQx8

Познат е конечниот состав на парламентот по изборите во Србија

Балкан | пред 1 седмица

media-library13mnh6llnm839LF9x5Z

Претседателските избори во Србија мора да бидат распишани до 27 декември

Балкан | пред 2 седмици

media-library73738d5u84sb7xcuArP

Студентската листа во Србија бара оставки од раководителите на полицијата и БИА

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања