Промени тема
Контакт

Републиканци: Притискаме Трамп да ја заврши оваа војна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Демократскиот конгресмен Ро Кана изјави за NBC News дека верува оти во американскиот Конгрес сега има доволно поддршка за усвојување резолуција за воени овластувања поврзана со конфликтот со Иран.

Станува збор за предлог со кој претседателот Доналд Трамп би бил принуден да се повлече од евентуален поширок воен ангажман против Иран.

Републиканското раководство во Претставничкиот дом во четвртокот го откажа гласањето за резолуцијата, откако стана јасно дека нема доволно гласови за нејзино блокирање.

— реклама —

„Има многу републиканци кои сметаат дека војната треба да заврши“, изјави Кана.

Тој додаде дека републикански конгресмени разговарале со американски фармери кои предупредиле на нагол раст на цените на азотот, амонијакот и уреата поради блокадите и контролата врз Хормушкиот Теснец.

— реклама —

Според Кана, американските граѓани веќе ги чувствуваат последиците преку повисоките цени на горивата.

— реклама —

„Ова создава притисок врз Трамп да постигне договор и затоа Конгресот е важен“, рече тој.

„Дури и кога не успеваме да протуркаме гласање, создаваме притисок врз претседателот и се надеваме дека оваа војна ќе заврши“, додаде американскиот конгресмен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysvffc27oj6didpTXe7P

САД наскоро ќе отворат воена база во Полска, најави Трамп

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: „Извлекуваме милиони и милиони барели нафта од Венецуела“

Свет | пред 1 ден

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Еден повик на Трамп ги стишна стравувањата од апокалиптични сценарија за вештачката интелигенција

Технологија | пред 3 дена

media-library9tu3bbmic8pnaCXn28P

Трамп: „САД произведуваат повеќе оружје од кога било во историјата“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања