Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ревизорите утврдиле: Не се знае кој управува со спортските сали и базени каде се вртат милиони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

bazeni

Државниот завод за ревизија ги ,,чешлаше” финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, за 2023 година.

Еве кои неправилности се уочени: Не биле во можност да ги потврдат вредностите на позициите во активата и пасивата во Билансот на состојба на ден 31.12.2023 година проценети во вкупен износ од 2.178.239 илјади денари.

— реклама —

Ревизорите увиделе дека ЈП не располага со евиденција на договори за објектите кои се дадени под закуп (локација, површина, катастарски податоци, функционалност на објектот, податоци за склучени договори и анекси на договори, времетраење и висина на закуп, начин на плаќање), поради што ревизијата не беше во можност да потврди дека искажаните приходи во износ од 6.212 илјади денари се според сите активни договори и во висина на договорениот надомест за закуп.

— реклама —

И покрај тоа што на 1 мај 2017 година престанува да постои законскиот основ за работа на Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија, истото продолжува да работи во континуитет, предупредува Државниот завод за ревизија.

Објектите се давале под закуп на долг период 20-30 години, закупнините се мали во однос на големината на просторот што се дава, не постои документација за промените запишани во имотните листи во однос на сопственост од легализација, приватизација или по друг основ, нема документација со која ќе се потврдат инвестициските вложување од страна на закупецот предвидени со договорите, се отуѓува имот од јавен интерес преку извршни постапки.

— реклама —

Забележано е и дека непреземањето на објектите од страна на единиците на локална самоуправа придонело за поголемо запуштање, руинирање на објектите, нивно користење за намени кои не се во насока на спортот и бесправно владеење;

Констатиран е долг во износ од 351.486 илјади денари по основ на судски пресуди за кој износ не постои сигурност дека е целосен, како и обврски од 78.363 илјади денари кон закупец на објектот „Олимписки базен“ во Скопје произлезено по судска одлука од минати години и која со години не е наплатена поради лошата финансиска состојба на ЈП.

Ревизорите и укажуваат на Владата од потребата за утврдување на сите објекти кои биле во надлежност на ЈП и нивниот статус, како и преиспитување на правната и финансиската штетност на сите договори за закуп склучени помеѓу ЈП и трети лица со цел преземање на мерки за минимизирање на правните и финансиските ризици и заштита на државниот имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Домашното производство добило 6,29 милијарди денари од кредитната линија за инвестиции

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library6puvnl3c0ch53NphE5Q

Министерството за дигитална трансформација без попис на дел од имотот, 43 проценти од работните места непополнети

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Спорни влогови, набавки без законска постапка и недостиг од лиценци откри ДЗР кај пет друштва за игри на среќа во кои Државна лотарија има 51 отсто удел

Македонија | пред 1 седмица

media-library6k072kv2islfbP107dL

34.000 евра месечно за јавно осветлување, запуштен парк и 100 телефонски броеви без евиденција – ДЗР со сериозни забелешки за Кичево

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања