Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Резултатите во земјоделството ја демантираат политиката на СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги отфрли обвинувањата на СДСМ за состојбите во земјоделството, оценувајќи дека резултатите од работењето на актуелната Влада ја демантираат политиката на опозициската партија.

— реклама —

Од владејачката партија преку соопштение обвинија дека СДС „не излегува од криминалната матрица“, посочувајќи дека поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски ќе остане запаметен по, како што велат, нерешените предмети, институционалниот хаос и неисплатените обврски кон земјоделците.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, за неполни две години Владата исплатила близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски кон земјоделците, ги зголемила субвенциите во сточарството и ги откочила проектите кои со години биле во застој.

Во реакцијата се наведува дека биле зголемени наводнуваните површини, исчистени и реконструирани каналите кои, според нив, биле запоставени седум години, обезбедени средства за инвестиции во шумарството и водостопанството, како и бенефициран стаж за шумската полиција. Дополнително, биле донесени повеќе законски и подзаконски акти поврзани со секторот.

— реклама —

„Економските показатели говорат јасно за успешните политики во земјоделскиот сектор. Додека СДС тоне во безидејност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за модерно и конкурентно земјоделство“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Оттаму додаваат дека земјоделците во актуелната власт гледаат сигурен партнер кој работи во нивен интерес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања