Промени тема
Контакт

Ристов: Конче продолжува да се гради и развива паралелно со сите големи општини во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryer1sv307gkdl6XzKmi8

Златко Ристов, кандидат за градоначалник на општина Конче од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во општината, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември 2025 година. Тој се осврна на темите за младите во општината, инфраструктурата, како и неговата програма како кандидат за градоначалник на општината, која како што вели тој е изготвена да одговори на потребите на граѓаните кои живеат во општина Конче.

,,Во мојата  работа како градоначалник, секогаш се водев од потребите на месното население, ги слушав вашите предлози, заеднички ги решававме сите проблеми и затоа сега имаме изградени и реконструирани патишта и улици низ сите населени места.  Уредувавме јавни простори, паркови, затоа што сакаме нашите деца да растат во чиста и  уредна средина“, рече Ристов и додаде:

,,Конче ја доживеа својата ренесанса во изминатите 4 години. Конче се градеше и развиваше паралелно со сите големи општини во Македонија“.

Ристов истакна дека неговата програма е веќе позната на граѓаните, и има за цел да ги реши сите нивни проблеми, а се состои и од проекти кои се од интерес на жителите на општина Конче.

— реклама —

,,Во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор, за нашата општина. Нашата програма, мојата и на мојот тим на советник. Се потрудивме да стигнеме до секој еден од вас. Во неа се опфатени проекти од сите сфери“, кажа Ристов.

— реклама —

Како што вели тој, младите во општината ќе бидат поддржани преку стипендии и еднократна помош, а во делот на спортот, ќе продолжат да се градат и реконструираат спортски терени.

,,Спортот и најмладите, ќе продолжиме да градиме и реконструираме стадиони, културни домови, ќе продолжиме да ги поддржуваме најмладите преку стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој го завршува основното образование и се запишува во средно, стипендии за најдобри студенти“, истакна Ристов.

— реклама —

Ристов се осврна и на делот за инфраструктурата каде кажа дека ќе има реконструкција на системите за водоснабдување, а ќе се унапреди и дел од процесот за одржување на патиштата за време на зимскиот период.

,,Водоводните и канализационите системи, ќе се реализираат следните: ќе извршиме реконструкција на системите за водоснабдување, во населените места Лубница, Горни Липовиќ. Дедино, Конче, Ракитец, ќе ги доизградиме системите за фекална канализација во Конче, Горни Липовиќ, Ракитец и Долни Липовиќ. До крајот на годината ќе биде испорачан камионот кипер кој што ќе биде во функција на одржување на патиштата по сите населени места, зимско одржуваме на нашите локални патишта и други потреби кои ќе произлезат од нашите граѓаните“, заклучи Ристов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjo993k4f1sbucOiwmUZ

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС велат „Македонија не е на продажба“, а токму тие ги распродаваа националните интереси

Македонија | пред 2 дена

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Дури и градоначалник од СДСМ го поддржува ископот на антимон, но партијата е против

Македонија | пред 3 дена

media-libraryum9e73haldib5ZFDLee

ВМРО-ДПМНЕ: И талогот пресушува, соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања