Промени тема
Контакт

Роден со само 920 грама, Дамјан ја доби најголемата битка – по 93 дена си оди дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
media-libraryvi8l9nfmb7tt7dzjNeA

По 93 дена поминати во болница, малиот Дамјан, роден предвреме во 28. гестациска недела со само 920 грама, конечно си заминува дома, во прегратката на своето семејство. Радосната вест ја споделија од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

— реклама —

Дамјан уште од првите моменти од животот се соочил со голем број предизвици. Роден со само 920 грама, малото момче поминало 93 дена под болничка грижа, а денес, со тежина од 1.950 грама, го започнува новото поглавје од животот покрај своите најблиски.

Од Клиниката споделија дека Дамјан заминува дома кај мајка му Емилија, татко му Трајче и постариот брат Марио, кој и самиот има слична животна приказна. Пред 12 години, Марио бил роден предвреме, во 30. гестациска недела, со тежина од само 1.180 грама.

— реклама —

Денес, пораснат и силен, Марио ќе има можност да биде покрај својот помал брат и да му биде поддршка во животот.

— реклама —

Од Клиниката му посакаа на малиот Дамјан да биде жив, здрав и безгрижен, да расте опкружен со љубов и да има среќно детство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Млада родилка почина на Гинекологија: ова и бил четврти царски рез, имало нагло влошување

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-45-4810PM

Смртта на новороденчето на ГАК е резултат на систем што штити хиерархија, а не живот, вели Левица

Македонија | пред 9 месеци

media-library6u9asf3ekqeb4evBVRL

Колабирано белодробно крило и едем на мозокот: Објавени деталите за смртта на новороденчето од Арачиново

Македонија | пред 9 месеци

klinika-za-ginekologija

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ го злоупотребува случајот со починатото новороденче за политички поени

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања